Зимските олимписки игри во Сочи важат за најтопли во историјата каде температурата најмногу достигна до 12 целзиусови степени, па затоа и се очекуваше некој да не го издржи топлото време нетипично за зима.
На денешната крос кантри трка на која нашиот претставник заврши на 81 позиција, во летна варијанта реши да настапи Крис Џесперсен кој од долниот дел на опремата си направи шорцеви.
Норвешкиот натпреварувач заврши на шестата позиција, а вакво нешто пред натпревар направи и Фламини од Арсенал и тоа два пати.