Родителите и наставниците добија необична препорака од владата: децата мора да гледаат повеќе телевизија.
Членовите на рускиот парламент ја поддржаа иницијативата за кратење на часовите и ги советуваа наставниците да не им даваат многу домашни задачи за децата да можат да гледаат повеќе настани од Олимписките игри на телевизија.
Спикерот на парламентот, Сергеј Наришкин ја поддржа иницијативата која ја покрена член на владеачката партија.
Соопштението од парламентот следеше откако минатата недела министерството за одбрана на Русија објави дека ќе се менуваат обврските на војниците за тие да можат повеќе да гледаат преноси од Олимписките игри.
Во градот Сочи во овој период воопшто не ни работат училиштата. Децата од Сочи добија дополнителни три недели распуст за време на Зимските Олимписки игри.