Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Апсурдноста на НБА плејофот

Со НБА плејофот се добива најдобриот тим од лигата, но во него не играат сите најдобри. Западот оваа сезона е супериорен во однос на истокот, а овој график покажува колку неправеден ќе биде плејофот. На пример според моменталната ситуација отпаѓа Феникс со 48, а на исток ќе игра Њујорк со 36 победи.

Бразилците заглавија со два стадиони

Земјата која живее за фудбалот дефинитивно не ја бива за организација на Светско фудбалско првенство. Ги пробија сите рокови за подготовка на стадионите кои им ги даде ФИФА и се уште немаат абер.

Подобри и од НБА ѕвездите

Оваа година големите НБА ѕвезди разочараа за време на натпреварот во забивање на Ол стар викендот, па нивните помлади колеги од американските колеџи им покажаа како тоа се прави.

Пеле одговара Прустов прашалник

Додека неговата земја се подготвува за организацијата на Светското првенство, „најдобриот на сите времиња" одговори на Прустовиот прашалник во постојаната рубрика на магазинот Венити Фер.

Јувентус го освои Лион

Јувентус и Бенфика стекнаа предност на гостински терен, а по првите четврт-финални натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување, победи пред својата публика извојуваа Базел и Порто.

Проблематична година за Барселона

Каталонскиот тим за сега има одлични резултати оваа сезона и на нешто помалку од два месеци до завршувањето на клупските обврски на сите натпреварувања, е во игра за пехар на три полиња. Но тоа што ги мачи се проблемите надвор од фудбалските терени.

Каратистот Тијаго Силва

Хавиер Пасторе ги направи мајмуни дефанзивците на Челси за конечни 3:1 во 93 минута на синоќешниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, но од трибините имаше камера која не го ловеше голот и радоста на стрелецот.

Светско фудбалско првенство во џунгла

Бразил не може да крене глава од протести кои се однесуваат пред се на големите трошоци за организација, а најголемите критики ги добија за изолираниот амазонски град кој го исфорсираа за да стане дел од градовите домаќини.

Офсајд лик на денот: Косуке Хашино

Јапонскиот рагбист Косуке Хашино сакаше да го заврши дуелот против Италија со стил, но заврши со "ласта" на трева.

Дресови од фудбалската репрезентација за најдобрите типстери

Оригиналните дресови од македонската фудбалска репрезентација за најдобрите типстери во март одат во Прилеп и Штип, а дресови и пиво ќе има и за најдобрите во април.

Последниот спринт во Шпанија

Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид ќе водат тешка битка во последните седум кола од шпанската Примера, а овој интересен инфографик ни покажува кој им стои на патот до трофеите до крајот на сезоната.

Вниманието е свртено кон „Стад Жерланд“

По комплетирањето на првите четвртфинални средби од Лигата на шампионите, четири неизвесни дуели следат и во второто по ранг клупско европско натпреварување. Највозбудливо ќе биде во Франција каде патува италијанскиот првак, а во Португалија гостува незгодната Севиља. 

Ѕвездите кои ќе го пропуштат Бразил

Светското првенство во Бразил ќе биде собир на најголемите фудбалски ѕвезди на планетата, но за жал ќе биде осиромашено и за неколку големи фудбалски имиња кои ќе го пропуштат Мундијалот заради повреди.

Полски шпион

Вашингтон Визардс ги растурија Бостон Селтикс со 26 разлика, а Марчин Гортат кој го предводеше Вашингтон со 22 поени, реши малку и да си поигра со противниците.

Оилко со повеќе нерви до победа над Dominos Pizza

Комплетирано е петнаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија.

Чикаго пресилен за Атланта

Кошаркарите на Атланта го губат здивот во борбата за последното место кое води во плејофот во источната конференција. „Јастребите" загубија на домашен терен и од Чикаго Булс.

Посакувана предност за домаќините

Фудбалерите на ПСЖ ја добија првата битка против Челси и со солидна предност од 3:1 ќе патуваат на реваншот во Лондон. „Кралевите“ беа уште поубедливи и со 3:0 му се одмаздија на Борусија за ланскиот пораз, со што направија важен исчекор за пласман во полуфиналето.

Една четвртина од активните фудбалери патат од депресија

Синдикатот на професионални фудбалери направи истражување според кое во просек секој четврти фудбалер на кој се уште му трае кариерата има проблеми со депресија, додека здравствените проблеми кај пензионираните играчи се уште поголеми.

Абрамович не дозволувал Витезе да игра во ЛШ?

Холандската фудбалска федерација ја истражува сопственичката поврзаност помеѓу Челси и Витезе, која треба да покаже дали лондонскиот тим влијаел врз екипата од Арнхем.

Како Вардар го доби Хамбург

Како што напиша Таки во колумната, најзаслужен за епската победа на Вардар беше тренерот Раул Гонзалес кој ја постави својата екипа на таков начин што ѕвездите од Хамбург делуваа недораснати на Вардарци. Тоа се потврдува и со оваа тактичка анализа на ЕХФ.

„Кралевите“ по одмазда, „Сините“ на жешко гостување

По синоќешните 1:1 на синоќешните две средби, се очекува голема неизвесност и на другите две четвртфинални двојки од ЛШ. Реал Мадрид има многу причини за да им се одмазди на „Милионерите“, а Мурињо по 10 години се враќа на „Паркот на принцовите“ со истиот тим.

Гвардиола: Гледај во мене

Обично Мурињо е задолжен за правење шоу на прес конференции, но свој табиет си има и Пеп Гвардиола. Новинарот три пати му постави едно исто прашање, а потоа се обиде да му уфрли и зборови.

ФИФА ѝ забрани на Барса да прави трансфери

Дисциплинската комисија на ФИФА им изрече санкции на Барселона и Фудбалската федерација на Шпанија заради прекршување на правилата за трансфери на малолетни фудбалери. Каталонскиот гигант нема да смее да купува играчи во следните два трансфер периоди.