Дисциплинската комисија на ФИФА вчера на Барселона и изрече санкции заради прекршување на правилата за трансфери на малолетни фудбалери и со тоа Каталонскиот гигант нема да смее да купува играчи во следните два трансфер периоди.
На ова му претходеше големиот скандал околу контроверзниот трансфер на Нејмар, поради кој претседателот на клубот Сандро Росел не сакаше да се руши угледот на клубот и реши да си поднесе оставка.
Неколку месеци претходно во судски прашања беше вплеткана и нивната икона, Лионел Меси кој мораше на даночните власти да им плати 15 милиони евра за да избегне обвинение за затајување на данок.
Каталонскиот тим покрај овие актуелни проблеми поради кои беше на насловните страници, сега се соочува и со критики за планирањето на редизајнот на стадионот „Камп Ноу“, за што одборот на клубот ќе гласа наредниот викенд.
И покрај големиот број на турбуленции, тоа воопшто не му влијае на тимот кој годинава води мртва трка за титулата во Примера, има финале во Копа дел Реј и е дел од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.