Манаус е 2 милионски град и единствен од северниот дел во Бразил каде летово ќе се игра фудбал. Оддалечен е околу 2.700 километри од Сао Паоло и е опколен со 2,1 милиони квадрати шума.
Жалбите на селекторите на фудбалски репрезентации се дека во градот има неподносливо топло време и голема влага, а Бразилците протестираа заради огромните трошоци за изградба на стадионот за кој со помош на бродови 20 дена се носеше челик.
Многумина сметаат дека поради големите трошоци за стадионот Амазониа, лошите услови за игра, како и долгото патување на фудбалерите, изборот на Бразил за овој град е погрешен.
Манаус е седмиот најголем град во Бразил и препознатлив по огромната површина на шума.
Тој е важен бастион за трговија по должина на реката Амазон.
Арената Амазонија, која ќе биде домаќин на мечот САД – Португалија, два дена пред отворањето минатиот месец.
Од птичја перспектива тревата изгледа совршено.
Но ќе и треба добро поливање до стартот на Мудијалот.
Новоизградениот тренинг центар.
Еден од хотелите сместен во шумата на Манаус.
Минатата година полицијата исели 5.000 амазонски Индијанци кои протестираа против одржувањето на првенството.
Амазонија на 75 дена пред стартот на Мундијалот.
Манаус на мапа