Често у животот знам да лаам и кога треба и кога не треба. Во принцип, никад не сум имал проблем со недостаток на зборови, ама во неделата во Хамбургер Шпортхале го осетив значето на ОСТАНАВ БЕЗ ЗБОРОВИ во вистинска смисла на зборот. Два саата после утакмица се уште ми беше тешко да ги ставам емоциите под контрола и да покушам барем површно да ја анализирам сензацијата и подвигот кој Вардар го направи тоа попладне.
Два дена пред првата утакмица се зареков дека ако Вардар не изгуби у Скопје, купувам карта и тргам за Хамбург пошто имав некое чуство дека ќе се деси сензација. Знам, ќе кажете сега дека мангупов после војна се прави генерал, ама ете, прочитајте ми го статусот на фејсбук три дена пред утакмица и ќе видите дека не лаам у ветар. Чак и мајка ми, со целата нејзина стручност за спорт, покуша да ме разубеди и ми направи тактичка анализа на првата утакмица закључувајќи дека против бекови од типот на Дувњак и Хенс и без Дибиров у екипа и немаме баш многу шанси у Германија. Ама збор е збор и мора да се испоштуе. У приказнава одлична работа е што најдов уште една екипа од Локарно, Швајцарија со која ја делиме истата болештина, па се организиравме да добиеме на бројност во Хамбург (поздрав до Драган и екипата).
24 часа после утакмицата, јас искрено се уште немам зборови да ги опишам чувствата низ кои прoјдов заедно со 200 Вардарци во Шпортхале. После десет минути на сите што навивавме за Вардар ни беше јасно дека на домаќинот му покажавме муда, а со предноста од 2 гола на полувреме веќе почна да се осеќа мирис на чудо. Кога Вардар поведе 26:21, настана таква еуфорија и се ширеше таква енергија да и покрај тенкиот финиш никој не се ни посомнева во победата.
Еуфоријата беше толкава што со последната сирена сите Вардарови навивачи буквално улетаа на терен на запрепастување на локалните редари кои не знаеа каде да тераат у тој момент.
Греота е после оваква утакмица да се бараат индивидуалци кога колективот е тој што ја носи победата. Диви беше невероватен на гол, Столе до повредата и Чипурин јаки на пивот, Карачиќ традиционално со широк репертоар на шутеви, Фичо Лазаров зрел како никогаш до сега – гаѓајќи два пати од крило, Алекс Душебаев со последниот гол колку да покаже дека финтата на татко му и после 20 години фунцкионира, Марковиќ за отсуството на Дибиров да не се осети, па чак и Недановски и Лука Раковиќ кои како маркери влагаа кога Вардар имаше играч мање да ја развлечат одбраната на Хамбург. Не знам дали приметивте, али ако ја прегледате утакмица, Вардар успеа да постигне гол во секој напад кога имаше играч мање.
И кога во таква слика на извонредни индивидуални перформанси, колективот е тој што доминира, никој, па ни Европскиот... пардон, бившиот Европски првак не е достоен противник.
Ако треба да се истакне поединец од синоќа, можам да кажам дека најдобриот во оваа епска победа беше Раул Гозналес. По принципот "тивка река, брег рони" ја постави својата екипа на таков начин да освен Дувњак, супер ѕсвездите од Хамбург делуваа недораснати на Вардарци... Секоја чест.
Ден после утакмицата, по социјалните мрежи ракометот се уште е тема број еден. У целата приказна, не смее да се заборави ни успехот на Металург. Нивниот резултат исто така е плод на сериозна работа и развој во последните пет години. Не е инцидент, а тие и понатаму, како и Вардар, ќе бидат важен играч у Европа во годините што следат.
На жрепката за четврт финалето само Македонија и Германија ќе имаат повеќе од еден претставник во Виена. Ако ме прашате искрено не сакам да играат едни против други. Некој мисли дека тоа е гаранција дека една македонска екипа ќе се најде на Фајнал 4 во Келн, ама од друга страна тоа значи дека и една сигурно нема да отиде. Чуда се можни, утакмицата во Хамбург покажа дека секогаш мора да веруваш до крај, па зашто да не веруваме и во два наши претставника во Келн. Ние, Кил и Барцелона... тие сме.
Ракометот во Македонија е повеќе од спорт. Единствено поле на кое реално можеме да мериме муда со поголемите "зли" европски народи кои на нас гледаат како едно затуцано парче земја. Поле на кое македонскиот непокор најдобро се отсликува и поле на кое единствено можеме да им покажаме дека сме подобри од нив... дека парите не све на светот.
А денови како неделата ќе нема многу низ спортската ни историја. Затоа се надевам дека политичарите ќе сфатат дека спортот е не најдобриот, туку единствениот амбасадор на една земја и парите наместо во статуи од бронза и бродови во непловни реки, ќе ги инвестираме во спортски достигнувања на генерациите што доаѓаат.
А дотогаш се надевам дека сите ќе памтите каде бевте дента кога Вардар го елиминираше Европскиот првак среде Хамбург... епа јас бев таму и ги видов ѕвездите како коленичат пред нашиот првак. Witnessing history... priceless!!!
Таки Бошкоски