Вниманието е свртено кон „Стад Жерланд“

По комплетирањето на првите четвртфинални средби од Лигата на шампионите, четири неизвесни дуели следат и во второто по ранг клупско европско натпреварување. Највозбудливо ќе биде во Франција каде патува италијанскиот првак, а во Португалија гостува незгодната Севиља. 

Лион – Јувентус

- Ова е прв нивни меѓусебен дуел. Лион на домашен терен против италијански екипи има скор од 3 победи, 3 нерешени и 2 порази. Јувентус од Франција до сега се вратил со 3 победи, 2 нерешени и 5 порази.

- Фудбалерите на Лион немаат пораз на домашен терен оваа сезона во Лига Европа. Во осминафиналната рунда ја имаа најубедливата победа од 4:1

- По елиминацијата во ЛШ и префрлување во ЛЕ, актуелниот италијански шампион нема пораз. Скорот им е 4 победи и едно реми и само еден примен гол

Порто – Севиља

- Единствениот двобој помеѓу овие две екипи се случи во 16 финалето од ЛЕ во 2010/2011. Порто ја мина нокаут фазата поради еден гол повеќе во гости каде победи со 2:1, а потоа дома загуби со 1:0.

- Пет од последните седум средби на португалскиот претставник завршија нерешено. По два пати 1:1 и 2:2 и еднаш 3:3. Првата нивна победа оваа сезона во ЛЕ беше онаа против Наполи од 1:0 во осминафиналето.

- Тимот на Севиља е единствениот кој се пласираше во ова натпреварување од третата квалификациска фаза. На гости се непоразени со скор од 5 победи и 2 нерешени.

Базел – Валенсија

- На меѓународна сцена овие две екипи се сретнаа во групната фаза од ЛШ во 2002/2003. Шпанците беа немилосрдни со 6:2 на првиот дуел, а реваншот заврши без победник.

- Базел нема пораз откако од ЛШ се префрли еден ранг подолу. На последните четири средби во ЛЕ на домашен терен има 2 победи и 2 нерешени.

- Фудбалерите на Валенсија немаат пораз на последните девет натпревари на европска сцена. Тие успеаа да триумфираат на сите пет гостувања оваа сезона во ЛЕ.

АЗ Алкмар – Бенфика

- АЗ Алкмар е единствениот четвртфиналист кој преку групната фаза на ЛЕ остана непоразен со скор од 5 победи и 5 нерешени. Холандскиот тим има најмногу нерешени средби во ова натпреварување, а на домашен терен има 3 нерешени и 2 порази.

- Ова е прва нивна средба. АЗ против португалските екипи има скор од 3 победи и по едно реми и пораз. Бенфика против Холанѓаните остварила 8 победи, 8 нерешени и 5 порази.

- Португалскиот состав е во лоша серија на последните седум гостувања во Холандија каде не победил ниту еднаш. Нивниот скор е 5 нерешени и 2 порази.

3 април 2014 - 13:13