Најголем махер во март беше Mende Dimoski од Прилеп кој погоди 99 од 251 типуван натпревар и направи профит од 315,5 кредити.
Зад него беше Стефан Колев од Штип со профит од 299,7 кредити. Двајцата махери добиваат по еден оригинален дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.
На третата позиција во март заврши битолчанецот Виктор Коњановски кој погоди 71 од 133 типувани натпревари и ќари 293,2 кредити. Тој заслужи пакет пиво.
И овој месец продолжуваме да делиме подароци. Дресови од македонската репрезентација ќе добијат двајцата најдобри, а третопласираниот ќе пие пакет пиво.