ФИФПро спроведе истражување за менталното здравје на фудбалерите на кое учествуваа 300 активни и пензионирани играчи, за да се откријат нивните проблемите од типот на депресија, стрес, како и зависност од алкохол и цигари.
Студијата која инаку е прва од овој вид во глобални рамки, претставува основа за Светскиот фудбалски синдикат преку која треба да се имплементираат стратегии за заштита на здравјето на фудбалерите.
Резултатите покажуваат позагрижувачки бројки кај фудбалерите кои веќе ја завршиле својата кариера. На пример проблемите со деспресија кај поранешните играчи изнесува 39%, а кај активните 26%.
Кај активните фудбалери од вкупно 180 кои учествувале во студијата, 60% настапувале во најквалитетните национални лиги. 26% од нив патат од депресија, 19% се алкохоличари, 7% се пушачи, 5% пријавиле знаци на исцрпеност, 3% имаат проблем со самодовербата и 10% изјавиле дека имале разни неволји во животот.
Од 120 пензионирани играчи 65% биле дел од најквалитетните национални првенства, 39% имаат проблем со депресија, 42% јадат нездрава храна, 32% пијат алкохол, 12% од нив пушат, 15% рекле дека чувствуваат исцрпеност и 18% пријавиле разни други проблеми.