Фудбалскиот клуб Барселона нема да смее да прави трансфери во следните два рока предвидени за преминување на фудбалери од еден во друг клуб, а освен тоа, заработи и парична казна од 450.000 швајцарски франци. Клубот има рок од 90 дена да го регулира статусот на младите играчи.
ФИФА ја казни и Фудбалската федерација на Шпанија со 500.000 илјади швајцарски франци и им даде рок од една година да го регулираат својот систем за трансфери на млади фудбалери.
Според ФИФА, Барселона и Фудбалската федерација на Шпанија прекршиле неколку правила поврзани со меѓународните трансфери и правото на регистрација на малолетни фудбалери од странство. Истрагата на ФИФА била спроведена за неколку млади фудбалери кои биле регистрирани и настапиле на официјални натпревари за Барселона во периодот од 2009-та до 2013-та година.
За проблемите на Барселона со регулативите на ФИФА околу трансферите на малолетни фудбалери од странство пишувавме уште минатата година.
Иста казна во 2010-та година заработи и Челси, но беше укината од Арбитражниот спортски суд во Лозана.