Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Црвена Звезда – Галатасарај во 21:00

Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме да гледате први натпревари од најквалитетното клупско европско кошаркарско натпреварување и меч од ракометната Лига на шампиони.

Антиќ распали по Врбица

Словенецот Змаго Сагадин е отпуштен од кормилото на актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, а за негов заменик е назначен Врбица Стефанов. Првиот коментар пристигна од САД.

Платини најави казна за сите

По неколкучасовен молк се огласи и претседателот на УЕФА, според кој и двете федерации ќе бидат одговорни за инцидентот. Во меѓувреме, српската полиција во Панчево го пронашла дронот и тој ќе биде проследен до органите на европската фудбалска унија.

Шампионски танц на гостиварчани против МЕПСО

По 10-те голови против Гранит, екипата на Montenegro беше немилосрдна и против МЕПСО. Победи во последниот ден од третото коло во Бинзнис лигата одбележаа и Глобко Логистик и Македонски Телеком

Политичката омраза низ историјата на фудбалските натпревари

Во поголемиот дел од овие дуели земјите се раскарани на комшиска или политичка основа, па тензијата од трибините за кратко време се претвора во тепачка. Судиите тешко издржуваат со свирче да го контролираат мечот 90 минути, особено кога паѓаат жртви.

Тенисери фатени како местат резултати по Скајп

По фудбалот, сега и белиот спорт се најде на удар на италијанското обвинителство кое ги открива разговорите помеѓу Даниеле Брачали и Потито Стараче со местачите. За еден наместен сет тенисерот добива 50.000 евра.

Кој е можниот епилог по прекинот во Белград?

Европската куќа на фудбалот сè уште не се огласи во врска со инцидентот за време на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград. Покрај парични казни за двете страни, можна е и суспензија на стадионите, како и одземање на бодови во квалификационата група.

Како знамето со голема Албанија влезе во Србија

Според порталот Вечерње новости знамето кое синоќа се најде на стадионот ЈНА, го прошверцувал албански навивач во јакна, а акцијата почнала пред 7 дена.

Полициска снимка од тепачката на терен

Сето ова веројатно и немаше да се случи доколку албанските фудбалери му дозволеа на Стефан Митровиќ да го отстрани знамето за играта на продолжи. Потоа се степаа меѓусебе, па се вмеша публика, редари, полиција. За пофалба е Александар Коларов кој се обиде да смири ситуација.

Братот на премиерот или Шверцерите?

Главна тема во српските медиуми по синоќешните инциденти на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Албанија е кој го уфрлил и управувал албанското знаме на стадион. Едни демантираат, други се фалат.

Антиќ со маска им даде девет поени на Мајами

Во третиот подготвителен меч пред новата сезона во НБА лигата, македонскиот интернационалец направи кам бек по повредата на носот и беше еден од најзаслужните за триумфот на Јастребите.

ЕЛЕМ и UNIQA одиграа спектакуларни 6:6

Во вториот ден од второто коло во Бизнис лигата екипата на Лукоил повторно убедлива, а најефикасен беше дуелот на кој ArcelorMittal славеше над Контрола на летање.

Светскиот шампион заборави да победува

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џон О`Ши и зема бод на Германија во 93 минута, а Роналдо и донесе победа на Португалија во 95-та. Нерешено заврши и дуелот меѓу Полска и Шкотска, а на сите останати квалификациски натпревари славеа гостинските екипи. 

Албанското знаме леташе над Белград

Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.

Топ 10 соборувања на австралиски фудбал

Не е рагби, не е американски фудбал, најмалку е регуларен фудбал, и се игра на терен што изгледа како да си ги споил игралиштата од претходните три во едно.

Фабио Капело на рапорт кај министерот за спорт на Русија

Нерешениот исход против Молдавија (1:1) во квалификациите, дополнително го зголеми гневот кај навивачите на Русија, кои не можат да му ја опростат платата на селекторот.

Не бе судија сега да свирнеш крај

Дунга го врати Робињо во репрезентација, но судијата по само 2 секунди му рече доста ти е играње, не мора ни да се бањаш.

Филипинците ќе си го срушат светскиот рекорд во кошарка

Имаат арена поголема од сите во НБА, но и од многу стадиони во Европа како на пример од оној на Манчестер Сити.

Само 12 клуба во Европа дале повеќе голови од Роналдо

Во воведните 6 кола од шпанската Примера, Португалецот постигнал повеќе погодоци од 104 тимови во 5-те најдобри европски лиги.

Најџел Бонд на снукер во Скопје

На 6-ти и 7-ми октомври во Скопје на гости и играње снукер беше еден од најпознатите снукер играч од Англија, Најџел Бонд. Освојувачот на Отвореното првенство на Велика Британија, во Скопје го донесе Гран Клуб.

Нејмар ги наполни Јапонците со 4 гола

На пријателски меч во Јапонија, бразилската ѕвезда запна да си го зголемува бројот на голови за репрезентација. На само 22 години стигна до 40 на 58 натпревари и е петтиот најдобар стрелец за Бразил.

Вака не можеа ниту Шаќири и Михајловиќ

Иако е на тренинг па можеби му успеало од 100-ти пат, младиот Саидо Берахино успеа да постигне гол од уште по мртов агол од корнер. Фудбалерот на ВБА минатата сезона заработуваше 850 фунти неделно.

Најмладите дебитанти во историјата на Евро квалификациите

15-годишниот фудбалер на Стромсгодсет вчера влезе во игра против Бугарија, со што стана убедливо најмладиот фудбалер што играл квалификациски натпревар за Европско првенство. Меѓу петте најмлади дебитанти има двајца од Лихтенштајн и по еден фудбалер од Грузија и Исланд.