Филипини арената има капацитет од 55.000 седишта и важи за најголема во светот, а официјално беше отворена во јули ова лето. За отворањето на новата сезона во кошаркарското првенство продадени се околу 80% од картите.
„Ме информираа дека веќе 35.000 навивачи се снабдиле со билети, а тоа е огромна бројка која може само да расте до почетокот на мечот“, изјави комесарот на лигата.
Претходниот рекорд на гледаност се случи на мечот помеѓу Вијанските острови и Минданао на кој присуствуваа 30.000 гледачи, а сега е прашање со колку поголема бројка тој ќе биде срушен.
За изградба на Филипини арената беа потрошени 213 милиони долари и таа е повеќе од двојно поголема од најголемата во НБА лигата, Јунајтед Центар која собира 23.129 и чиј домаќин е Чикаго Булс.
Најголемата арена во Европа е Комбан во Србија која собира 25.000 гледачи, а во САД, Руп арената во Кентаки со капацитет од 25.000 седишта.
Дел од отворањето: