Во перфектен натпревар ЕЛЕМ и UNIQA ги поделија бодовите
UNIQA 6-6 (2-2) ЕЛЕМ
UNIQA: Александар Петрушевски 2’, 30’, Љуљзим Каштањева 17’, 31’, Арбен Бајрами 27’, 39’
ЕЛЕМ: Александар Ничевски 3’, Диме Милевски 4’, Влатко Петровски 22’, 33’, 38’, Петко Бушески 32’
И двете екипи во текот на целото прво полувреме играа брз и отворен фудбал со многу шанси за гол на обете страни. Иако екипата на UNIQAпрва го отвори натпреварот, ЕЛЕМ брзо се врати во игра и за неполни 2 минути го сврте резултатот во своја полза на 2-1. Но екипата на UNIQAбуквално во последната минута се погрижи за 2-2 на полувремето. И во второто полувреме се продолжи во ист ритам, екипата на UNIQA оствари предност од 2 гола, но тогаш ЕЛЕМ го внесе Влатко Петровски како голман-играч во своите редови, кој направи целосен пресврт и придонесе да проследиме драма во финишот на овој натпревар. Иако натпреварот заврши изедначено (6-6), и двете екипи заслужија победа.
ArcelorMittal рутинирано до победа над Контрола на летање
Контрола на летање 5-9 (1-4) ArcelorMittal
Контрола на летање: Фарук Мифтари 14’, 21’, 39’, Звонко Зоксимовски 23’, Бранко Георгиевски 34’
ArcelorMittal: Игор Мирчевски 11’, 12’, 15’, 21’, 23’, Александар Илиев 20’, 39’, Александар Зотиќ 28’, Жарко Ивановски 30’
Контрола на летање и ArcelorMittal одиграа натпревар каде што преовладуваше фер плејот и на двете стани и во целост можеше да се види поентата на Бизнис Лигата. ArcelorMittal го искористи искуството и подобрата физичка подготвеност да стекне значителна предност уште во првото полувреме, не давајќи и на екипата на Контрола на летање да се разигра. Новакот Контрола на летање немаше адекватна противигра во овој натпревар и го загуби натпреварот со 5-9.
Лукоил на крилата на Зиков до победа над ЕВН
ЕВН 2-7 (0-3) Лукоил
ЕВН: Патрик Караѓуле 30’, Бојан Маџовски 38’
Лукоил: Дејан Зиков 2’, 5’, 25’, 40’, Гоце Мојсоски 13’, Владимир Секулоски 27’, Жарко Климкаров 38’
Во првото полувреме екипата на Лукоил демонстрираше апсолутна доминација пред се во нападот, каде што функционираше беспрекорно разбивајќи ја одбраната на ЕВН, со што доаѓаше до изгледни шанси за гол. Кај ЕВН беше воочлива слаба игра во одбраната, па на полувремето Лукоил имаше значителна предност од 0-3. Второто полувреме екипата на ЕВН го започна со Илија Мандаровски на голот како голман-играч. Но Лукоил го имаше во своите редови расположениот Дејан Зиков, кој не дозволи ЕВН да направи никакво изненадување, асистираше, погодуваше и едноставно беше незадржлив и го водеше Лукоил до победа од 2-7.