Антиќ со маска им даде девет поени на Мајами

Во третиот подготвителен меч пред новата сезона во НБА лигата, македонскиот интернационалец направи кам бек по повредата на носот и беше еден од најзаслужните за триумфот на Јастребите.

Откако ги пропушти натпреварите против Њу Орлеанс и Мемфис, Перо Антиќ се врати на паркетот и со минутажа од 11:26 минути оствари учинок од 9 поени, 3 скока и по една блокада и украдена топка.

Кошаркарите на Мајами Хит пропуштија голема шанса за победа бидејќи во првото полувреме имаа највисока предност од 19 поени, но клучен беше третиот период во кој Атланта направи извонредни 43:18 и на крајот славеше со 109:103.

Најдобар поединец кај Хокси беше Пол Милсап со 23 поени, а Корвер уфрли 17 коша. Во поразениот тим најпрецизен беше Крис Бош со 22 поени и Двејн Вејд со 16 поени.

Следниот контролен меч Атланта Хокс ќе го игра на гости против Чикаго Булс на 16 октомври.

15 октомври 2014 - 09:59