Истрагата за наместени фудбалски натпревари во Италија почна во 2007-та година, кога меѓу 111 осомничени лица се и најдоа поранешниот фудбалер на Болоња, Бепе Сињори, како и двајца македонски државјани.
Манило Бруни беше првобвинетиот во целиот случај, а освен фудбалски натпревари, судот во Кремона открил дека Бруни штелувал и мечеви по тенис. Во целиот случај се вмешани италијанските тенисери Даниеле Брачали и Потито Стараче, познати во кладилниците како нестабилни играчи.
Роберто ди Мартино, истражниот судија од Кремона ги открил деталите во врска со наместените натпревари. Целиот настан започнал на 9-ти јули 2007-та година, кога Бруни се допишувал по Скајп со ''braccio78'', никот на Брачали. Допишувањето било на ден пред натпреварот на италијанскиот тенисер против Џармер Џенкинс на турнирот во Њупорт.
Разговорот кој го пренесоа италијанските медиуми:
Бруни: „Овде сум со тој пријателот за кој ти зборував, немај гајле, можеш да му веруваш, сега тој ќе ти пишува".Утре кое време играш? Прв натпревар ли ти е? Може да зборуваме за утрешниот дуел"
Брачали: „Зависи".
Бруни: "Мене ми е важно како ќе се одвива мечот, а најважно од сè е да го добиеш првиот сет и ако може да му земеш брејк во вториот. Во тој случај би можел да ти дадам многу повеќе"
Брачали: „Ако го познавав добро противникот, ќе можевме да направиме нешто. Не знам како игра, не знам ништо за него"
Бруни: „Што си се уплашил толку?"
Брачали: „Обично ни нудат по 50 (илјади евра), а за потоа зависи. Како и да е, сакам утре да го изиграм натпреварот, па можно е да се договараме за некој следен"
Бруни: „Гледај, може да ти дадам 50 како проба за утре, но најважно е да го добиеш првиот сет. Здравје понатаму може да ти дадеме и повеќе"
Брачали: „Многу е важно да го знам противникот, не можам да ти гарантирам дека ќе го добијам првиот (сет). Не е лесно"
Бруни: „Договорено. Ако го добиеш првиот сет, 50 илјади одат за тебе. Мислам дека е доволно за еден сет"
Брачали во тој момент одговорил дека е подобро да договараат некој друг натпревар и дека против Џенкинс не сакал да ја мести.
Во меѓувреме, италијанскиот тенисер бил загрижен по казната која што ја добил тенисерот Артуро ди Мауро, кој истата година беше суспендиран 3 месеци и мораше да плати 20.000 евра. По таа одлука на судот, Брачали повторно се допишувал со Бруни на Скајп.
Брачали: „Нас ни е редот сега, ќе ме одерат за 370 евра. Можно е да добијам 2-годишна суспензија или да не играм веќе тенис"
Бруни: „Те испрашуваа?"
Брачали: „Не, ама ме побараа. Мојата ситуација е посложена од онаа на Ди Мауро. Ќе го јадам повеќе од него"
Бруни: „Не се секирај. Правите мангупи никогаш не ги откриваат".
По пресуда на судот во Кремона, Брачали доби суспензија од 3 месеци и парична казна од 20.000 долари.