Најџел Бонд, познат и како „00-147", е финалист на Светското првенство во снукер (1995) и освојувач на „Отвореното првенство на Велика Британија" во 1996. Само од наградите од играње снукер до сега има заработено над 2 милиони евра.
Во Скопје Бонд имаше неколку егзибициони мечеви со македонските играчи на снукер и минатогодишниот шапмион, интерактивен тренинг со посетителите, по што им одговараше на прашања околу снукерот.
Гран Клуб веќе неколку години работи на промовирање на снукерот во Македонија. Дел од ова е и школата за снукер и билјард која е бесплата за младинските категории. Плус организираат натпреварувања, а даваат часови и за возрасни играчи.