Шампионски танц на гостиварчани против МЕПСО

По 10-те голови против Гранит, екипата на Montenegro беше немилосрдна и против МЕПСО. Победи во последниот ден од третото коло во Бинзнис лигата одбележаа и Глобко Логистик и Македонски Телеком

Глобко Логистик му испорача пораз на Гранит
Глобко Логистик 6-4 (2-2) Гранит
Глобко Логистик: Иван Стојановски 4’, Горан Божиновски 7’, Александар Божинов 25’, 29’, Бобан Николовски 36’, Љубомир Раденовиќ 38’
Гранит: Дарко Стојановски 17’, 19’, 32’, Далибор Велковски 40’

Првото полувреме помеѓу Глобко Логистик и Гранит беше поделено на два периода и тоа во првата половина од првото полувреме блескава игра прикажа екипата на Глобко Логистик, пред се во нападот, каде што со брзи проигрувања дојде до атрактивни голови. Гранит се разбуди во втората половина од полувремето и со перфектна реализација го префрли тежиштето во своја полза, го израмни реултатот на 2-2 (полувреме). Во второто полувреме уште на самиот почеток Глобко Логистик ја врати контролата во своите редови со 2 последователни еврогола, што им даде ветар во грб. Гранит немаше сили за пресврт за да на крајот Глобко Логистик победи со 6-4.

Македонски Телеком со колективна игра до победа над Sistina
Sistina 3-4 (2-1) Македонски Телеком
Sistina: Александар Јаневски 6’, Горан Манов 10’, Никола Трајковски 25’
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 5’, 34’, Душко Симоноски 28’, Данило Миладиновски 30’

Иако екипата на Македонски Телеком го отвори овој натпревар уште во раната фаза, екипата на Sistina не падна, напротив, со доста цврста одбрана возврати на ударот и од контранапади дојде до водство од 2-1 кое го задржа се до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме екипта на Македонски Телеком, пред се со колективна игра, најде решение за играта на Sistina и на 5 минути до крајот водеше со 1 гол предност,кој успеа да го задржи се до самиот крај на натпреварот. Натпреварот заврши со резултат од 3-4.

Шампионски танц на гостиварчани (Montenegro) против МЕПСО
Montenegro 9-0 (4-0) МЕПСО
Montenegro: Љубиша Јовановски 3’, 12’, Ивица Јанковски 16’, Даниел Настевски 19’, 32’, 36’, 40’ Славче Симуноски 21’, Горан Новакоски 31’
МЕПСО: /

Екипата на Montenegro во текот на целото прво полувреме прикажа апсолутна доминација, имаше голема поврзаност во текот на нападот на што МЕПСО не можеше да најде адекватен одговор, па така на полувремето замина со високи 4-0. Montenegro и во второто полувреме продолжи во ист ритам, не оставајќи во ниеден момент да се размислува околу победникот на овој натпревар. На крајот го доби истиот со високи 9-0.

16 октомври 2014 - 00:45