Перо Антиќ утринава на Инстаграм го нападна поранешниот плејмејкер кој од тренер на младинскиот тим на МЗТ Скопје, денеска и официјално е назначен за сениорскиот тим на екипата од „Јане Сандански“.
„Не знам дали е пaрoдија или заебанција, уште една наша тимска икона отиде во пропаст“ е дел од коментарот на Антиќ.
Минатата година Стефанов во интервју за МИА ги објасни причините за повлекувањето од директорската функција во Македонската кошаркарска репрезентација:
„Тоа е административна улога. Не сум човек кој сака да живее како „англиска кралица". Со моето присуство во хотелите каде што престојува селекцијата или пак со седењето на клупа на натпреварите без ангажман, е без ефект, без резултат. Јас сум човек кој сака да работи, да помага, да придонесе за успехот на својата земја“
Антиќ и тогаш коментираше на социјалните мрежи: