Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Премиер лигата е побогата од БДП на 54 земји

Најскапата фудбалска лига во светот има повеќе пари од Бруто домашниот производ на Таџикистан како 141 земја во светот, но не и од Македонија која е четири места погоре со 9,576 милијарди долари во оваа категорија на споредување.

Балкански речник во НБА лигата

Јусуф Нуркиќ има 20 години, а во НБА лигата дојде лани од Цедевита. Денвер го одбра како 16. пик на драфтот. Нуркиќ игра одлична дебитантска сезона, постигнува по 6 поени во просек, има 6 скокови и 2 блокади. Освен што дели банани, добро ги научил соиграчите и на балканското секојдневие, а нив тоа им делува интересно.

Францускиот Јирген Клоп го бара неговиот Дортмунд

Тренерот на Генгам, Жоселин Гувернек го однесе клубот од трета во прва лига, сезонава ги совлада ПСЖ и Монако и е единствен француски тим во Лигата на Европа. Сонот му е да стаса до Енфилд Роуд.

Ван Гал е полош од Гигс и Мојс

Манчестер Јунајтед е во постојана трка за третата позиција во Премиер лигата која носи директно учество во Лигата на шампионите, но холандскиот стратег никако не може да фати ритам за да ги мине конкурентите.

Детето израсна, Алегри е горд на него

22-годишниот Шпанец ја почна 2015. година како главен во напаѓачката хиерархија на Јувентус. Одличната партија против Милан го препорачува за стартер и во Лигата на шампионите.

Многу ветуваа, а малку остварија

Откако Реал Мадрид во јануари го купи вундеркиндот Мартин Одегард, се потсетивме на неколку фудбалери кои тешко се носеа со товарот „новиот Пеле" или „новиот Роналдо". Немаа среќа или немаа сила да го издржат притисокот?

Барселона - Виљареал во 20:00 и Челси - Евертон во 20:45

Спортската среда е резервирана за Премиер лига, куп натпревари во Франција и Шпанија и хокеј.

12 голови на пет натпревари во Премиер лигата

Во Англија синоќа стартуваше 25. коло, кое триумфално го отворија Ливерпул, Арсенал, Хал и КПР. Вечерта ја одбележаа победничкиот гол на Марио Балотели за Ливерпул, дефанзивата на Сако, петицата на Стариџ и голот на Крамариќ за Лестер против Арсенал.

Брадата Харден уфрли 40 поени

Синоќа во НБА на програмата беа пет натпревари, а вечерта ја одбележа кандидатот за МВП на регуларниот дел од сезоната, Џејмс Харден. Кошаркарот на Хјустон уфрли 40 поени во триумфот на „ракетите“ против Феникс Санс 127:118

Неуморната пловидба на Тони Кукоч

Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.

Детална споредба, Роналдо vs Нејмар

Кристијано Роналдо кој ги освои двете последни Златни топки и Лионел Меси претходните четири по ред, се главна тема за правење компарација во сите статистики. Нејмар е втора сезона на „Камп Ноу“ и веќе почна да собира мастрав за да биде споредуван со најдобрите, барем што се однесува во бројки.

Најопасните резервни играчи

И големите трошаџии како Челси, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона најдобрите понекогаш ги оставаат на клупа. Тоа најчесто зависи против кого играат и во кое натпреварување. На видеово има 15 такви случаи, а ако ја собереме вредноста на тие што ќе ги видите на клупа ќе треба да броиме во милијарди,

Славни фудбалски имиња кои се потенцијални пензионери

Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.

Никогаш потешка борба за ЛШ во Премиер лигата

На 14 кола до крајот од сезоната во Премиер лигата, Саутемптон, Ман. Јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул и Вест Хем се борат за местото кое води во Лигата на шампионите, а бодовната разлика меѓу нив никогаш не била толку мала во последните 10 години.

Зошто не треба да си пристрасен?

Белгискиот судија Фредерик Гелдоф минатиот викенд предизвика многу контроверзи во тамошната лига, откако имал исто име и презиме со некој навивач на Кортик, за кој судијата досуди сомнителен пенал против Клуб Бриж.

Ливерпул - Тотенхем во 21:00

По богатиот спортски викенд, нема пауза ниту во текот на неделата. Во Премиер лига се игра редовно коло, а доколку ви се гледа имате и хокеј и алпско скијање.

Парма втор пат продадена за едно евро

Во само два месеци, италијанскиот клуб два пати беше продаден за 60 денари, иако долговите на „млекарите" остануваат повеќе од 50 милиони евра.

Со лопата да не го собравте?

Идејата и не е толку лоша, со оглед на тоа што некои сè уште не користат тркалца.

Решена најстарата спортска мистерија

На високите Анди во Чиле, планинарска експедиција пронајде остатоци од авионот кој се сруши пред 54 години и во кој загинаа 24 патници. Меѓу нив има осум фудбалери на тимот Грин Крос (Зелен крст) од чилеанската прва лига.

40 поени на Дурент, јубилеј на Поп, Антиќ не играше

Ноќта во НБА ја одбележа јубилејниот триумф на Грег Поповиќ како тренер на Сан Антонио, одличниот настап на „Дурантула“ и 41. победа на Голден Стејт Вориорс.

МЗТ загуби во последната секунда

Во последниот натпревар од 21. коло во Јадранската лига, МЗТ Скопје го претрпе 15. пораз во сезоната. По вторпат сезонава подобар од аеродромци беше Металац од Ваљево 69:67.

Ремито Лион – ПСЖ донесе најмногу профит

Типстерите заработија и на дербито во Италија кое Јувентус го доби против Милан со 3:1.