По дуелот на Енио Тардини кој заврши 2:2, Роберто Донадони ги обвини напаѓачот на Наполи и раководните луѓе на гостинскиот тим дека се бунеле што Парма им земала бод и покрај тоа што е веќе сигурен патник во втора лига.
Дисциплинската комисија го казни Игуаин со 10.000 евра за навредите кон голманот на Парма, а суспензија од еден натпревар доби Рафа Бенитез поради тоа што на официјални лица од Федерацијата им рекол: „Ова е срање од италијански фудбал“.
Голманот на Парма денеска ги смирува работите:
„По мечот Гонзало ми прати смс порака. Сè се случи поради многу нервоза. Кај играчите на Наполи имаше нервоза бидејќи мечот им беше битен, а ние во последниот период имавме денови во кои секој ден добивавме по некоја лоша вест. Бевме фрустрирани што примивме по 4 голови од Лацио и Каљари. Инаку дома играме добро, а мечот со Наполи кој е голем клуб, беше последна шанса да се покажеме. Ќе платам половина од казната на Игуаин, 5.000 јас, 5.000 евра тој“, изјави Миранте.
Тој рече дека неговиот гест по мечот се должел на радоста поради позитивниот резултат кој го постигнале во еден тежок период и најави дека во четврток во Лига Европа ќе навива за Наполи.