Роберто Донадони го обвини Наполи дека по нерешениот резултат 2:2 на Енио Тардини, гостите им довикувале дека требале да загубат со образложение дека не се борат за ништо.
„Ако не успеаа да не победат, нема што да се жалат кај нас. Ние одлучивме да ја довршиме сезоната и тука сме да дадеме се на терен, а не да им ги подаруваме натпреварите по 3:0 или 4:0. Ми се гади. Моите играчи се откажаа 75% од платите и потоа треба да слушаме вакви коментари на терен. Срамота. Да чујам дека сме требале да го загубиме мечот бидејќи веќе сме во втора лига е навистина одвратно. Ова не го кажа само Игуаин, туку уште полошо е што го чув со мои уши од раководни луѓе на Наполи. Трагично е што се спуштија на толку ниско ниво“, изјави тренерот на Парма.
По ремито, Наполи има 60 бодови и е на четвртото место со три и четири бодови зад Рома и Лацио кои се борат за втората и третата позиција на табелата. Наполитанците на својот официјален Твитер напишаа дека гневот се однесувал на тоа дека многу често на натпреварот бадијала се губело време.