Мората го шокираше Мадрид, Јуве оди во финале

По речиси веќе загубената титула во домашното првенство, заврши оваа сезона приказната за фудбалерите на Реал Мадрид и во Лигата на шампионите. На 6 јуни во Берлин во финале ќе гледаме Барселона - Јувентус.

Реал Мадрид - Јувентус 1:1 (1:2 на првиот меч)
Роналдо 23` п - Мората 57`

Судијата Ериксон досуди сомнителен пенал во 23 минута во дуелот меѓу Родригез и Кјелини, кој Кристијано Роналдо го претвори во гол, број 78 на европските натпреварувања. Тоа беше резултат кој ги носи Реал во финале, но така не мислеше нивниот довчерашен играч, Алваро Мората кој по голот во Торино, овој пат погоди за пласман во финале. Тој повторно не се радуваше поради респект кон кралевите.

13 мај 2015 - 22:39