Веста дека Алекс Фергусон ќе замине во пензија го потресе фудбалскиот свет. Неколку месеци по неговата одлука, како момент за историјата, Шкотланѓанецот за последен пат од клупата го водеше Јунајтед.
Ферги замина во легендата со 38 трофеи на клупата на „Црвените Ѓаволи“. Во своето богато наследство остави и безброј изјави и цитати кои долго ќе се прераскажуваат. Неколку од нив посебно се издвојуваат.
За Рајан Гигс:
„Се сеќавам кога прв пат го видов. Имаше 13 години и трчкаше наоколу како кокер шпаниел кој брка ливче хартија на ветер.“
За Гери Невил:
„Да беше само неколку сантиметри повисок, ќе беше најдобриот стопер во Британија. Татко му и не е толку низок, така што јас би го проверил млекарот за секој случај.“
За Пол Инс:
„Сакам да зборувам за играчите кои се на врвот од својата кариера. Тие можат со папучи да се качат на врвот на Монт Еверест. Токму таков беше Инс.“
За неверојатната титула во ЛШ од 1999. година:
„Не верувам. Не можам да поверувам. Фудбал. Проклетство.“
За критиките на сметка на Верон:
„Само напред. Воопшто е***но не сакам да се расправам со вас. Тој е е***о страшен фудбалер, а вие сите сте е***и идиоти.“
За Ливерпул:
„Мојот најголем предизвик не е ова што сега се случува, туку тоа што Ливерпул го извадив од колосек. И објавете го тоа слободно.“
За инцидентот со Бекам:
„Страшен инцидент беше. Да пробав уште милион пати да го удрам, немаше да успеам.“ (Ја шутнал копачката и го погодил Бекам во глава).
За Филипо Инзаги:
„Тој дечко сигурно е роден во офсајд.“
За Арсен Венгер:
„Велат дека е интелигентен човек, зар не? Зборувал пет јазици? Па и јас знам еден дечко од Брегот на Слоновата коска кој зборува пет јазици.“
За Рафа Бенитез:
„Тој е мошне лут човек. Мора да е пореметен од некоја причина. Целиот тој бес и отров мора да се извади од неговата крв, затоа што тоа што го зборува се апсолутни глупости.“
За Олд Трафорд:
„Публиката беше апсолутно мртва. Како да игравме на погреб.“
За Манчестер Сити:
„Тоа е мал клуб, со слаб менталитет. Само зборуваат и мислат на Манчестер Јунајтед, они се како гласни комшии. Сè што треба да направите е да продолжите нормално, да го попуштите својот телевизор и да ги игнорирате.“
За барањето трансфер на Вејн Руни:
„Понекогаш гледате крава на ливада и помислувате дека таа крава е подобра од онаа која што ја имате во својот двор. Но работите не секогаш се такви, нели?“.
За 19. титула:
„Не е толку важно што го престигнавме Ливерпул. Важно е што станавме први во земјата по бројот на освоени титули.“
За 20. титула:
„Погледнете ме сега - денес сум десет години помлад. Никакви апчиња не можат да го надминат ова“.