19.683 сценарија за титулата во Белгија

Белгискиот статистичар, Јан ван Харен си поигра со бројки пред крајот на сезоната во првенството и стигна до резултати кои веројатно само тој си ги разбира.

Сите тие што бегаа од часовите по математика нека обрнат внимание на статистичарот Харен кој веројатно уште во школо бил понапред од сите и сега тотално ни брави забуни околу завршницата во белгискиот фудбалски шампионат.

На прво место на табелата е Гент со 43 бода, а зад него се Андерлехт и Клуб Бриж со по 41 бод. Стандард има 36 годови, а Шарлоа и Котрајк по 33. Белгиецот тврди дека според неговите пресметки на три кола до крајот од плејоф мечевите, има 19.683 можни исходи во борбата за титулата.

Најмногу шанси за шампионскиот трофеј има Гент со 56,9%, шансите на Андерлехт се 26%, а трет е Клуб Бриж со 21,2%. Шанси има и за екипата на Стандард, иако заостанува 7 бода.

Последното коло во Белгија се игра на 24 мај. 

12 мај 2015 - 15:46