Offside

Роден е на 2-ри декември 2009-та година. Павел Полех на својот трет настап за Спартак Москва го постигна својот прв гол и стана најмлад стрелец во историјата на рускиот гигант. Со само 16 години, девет месеци и пет дена Полех постигна погодок во Купот на Русија против Оренбург.

Фиго нема нерви да се трка за претседател на ФИФА

Прославениот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид реши да ја повлече својата кандидатура за претседател на Светската фудбалска федерација.

Најопасните голгетери од одбрана во последните 10 години

Стефан Раду и Џорџо Кјелини синоќа по 10 минути игра поставија резултат од 1:1 во финалето од купот на Италија. Иако главната работа на дефанзивците е да го бранат голот, тие често знаат и да решат натпревар.

Химна е химна, па и босанска за Хрват

Во финалето на купот на Босна и Херцеговина екипата на Широк Брег го пречека Олимпик, но домаќините не ја рецкаат два посто химната со образложение дека нивниот град е сместен во хрватскиот дел од БиХ и тие се сметаат себеси за дел од Хрватска. Само едно чиче во публика реши да стане.

Избегната тепачка меѓу Дарио Срна и Никола Калиниќ

Иако важи за мирен фудбалер кој често ги раздвојува играчите кога ќе настане метеж, Дарио Срна во полуфиналето на украинскиот куп му се пушти на неговиот сонародник од Днипро, Никола Калиниќ.

Не ги тролајте жените на тема фудбал

Или барем не оние кои играат. Сте ја виделе ли акцијата на Французинките од селекцијата У20 што направија на Светско првенство?

Super Shot комбо

Стив Кер го вади тактичкиот џокер – супер ниската петорка. На терен, на прв поглед, сосема кошаркарски нелогично, на екипа која има доминатни low post играчи, им спротиставуваш петмина каде плејмејкерот е највисокиот играч.

Драга кралице дај ни карти за финалето

И покрај тоа што Вембли собира 90.000 гледачи, навивачите на финалистите од ФА купот Арсенал и Астон Вила добија по 25.000 карти од фудбалската асоцијација на Англија. Секој бара чаре да стигне до карта.

Ако не ми го признаеш поенот, толку од другарството

Во најмала рака чудно е да се опише тоа што се случуваше на тенискиот дуел меѓу Жоао Соуза и Јирген Мелцер на АТП турнирот во Женева.

Навивачот на Интер си ги бара назад цвикерите

И покрај веќе освоената титула, шампионот на Италија минатото коло со пресврт го победи Интер, а му ги искористија и очилата на еден од домашните навивачи на кој не му е по ќеиф што ги ставил на лице играч на Јувентус.

Бијонсе се разбира во чилеанскиот фудбал

За време на посетата на Хаити, Бијонсе на аеродромот Порт Принс се сретна со група Чилеанци кои ја прашаа дали знае нешто за Чиле? Пејачката ги изненади и ги воодушеви со одговорот.

Шутот кој навивачите на Лацио го видоа во гол

Лацио и Јувентус синоќа го одиграа финалето на италијанскиот куп кое по неизвесните 1:1 по 90 минути игра, го реши Матри со гол во продолженијата. Неколку минути претходно Филип Ѓорѓевиќ го крена на нозе Олимпико со удар кој се случува еднаш на 10 години.

Лукоил преку пенали до шампионската титула

Екипата на Лукоил е новиот шампион во Бизнис лигата на Македонија откако на пенали беше подобар од Монтенегро. Дуелот за трето место го доби УНИКА.

Хамилтон ќе заработува 44 милиони долари годишно

Актуелниот шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес соопшти дека потпишал нов три-годишен договор со нивниот пилот Луис Хамилтон.

Кога ќерка ти ќе ти ја украде славата

И покрај тоа што сам го победи Хјустон во првиот дуел од финалето на Западот, Стеф Кари не беше главен на прес-конференцијата посветена за неговиот учинок. Малечката ќерка Рајли му го украде шоуто.

Рафалите на Џеј-Ар Смит ја срушија Атланта

Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.

Репортажа за тренерот кој се дере по Драган

Сигурно сте ја гледале на јутјуб будалана кој постојано е нервозен на аут линија и се корне од викање по Драган. Тоа уствари е напаѓач во неговиот тим Раднички од с. Ратково. Б92 прави прилог за него, а тој е ист и во прилогот. Се дере по Драган, а на видеото зборува и Драган. Ај пуштајте да не ви раскажуваме сè.

Манчестер Јунајтед повика аматер на проба

На Сем Гримшо летово може скроз да му се смени животот, бидејќи ќе добие шанса да се докаже во тимот кој го гледа само на тв како навивач.

Адебајор 3 дел: Родените браќа ми ставаа нож под грло

Откако сестра му јавно му реплицираше, Емануел Адебајор реши повторно да открие семејни проблеми со долг текст на Фејсбук. Пишува како сакал да се самоубие поради маките што му ги задавале најблиските.

Следниот пат пробај од гол на гол

Парагваецот Ернесто Кристалдо испрати топовски удар од преку 40 метри кој џабе ќе беше да го бранеа и Буфон, Нојер и Касиљас заедно. Тој игра за боливискиот клуб кој се вика The Strongest.

Искри на тренингот на Баерн Минхен

По испаѓањето од Дортмунд во полуфиналето на домашниот куп и од Барса во истата фаза од ЛШ, Баварците немаат хармонична атмосфера во тимот. Доказ за тоа е денешната расправија меѓу Левандовски и Боатенг, кои за малку не се степаа.

Фатен на дело навивачот кој нападна фудбалери со солзавец

Адријан Наполитано, познат како „Ел Панадеро“ е навивачот поради кој предвреме беше прекинато дербито меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Како Хјустон Рокетс го изградија тимот што изненади

Кошаркарите на Хјустон се најголемото изненадување сезонава во НБА, откако пред-сезоната ја одиграа мизерно и не се засилија значително а завршија како втори на Западот во регуларниот дел.

Има ли иднина за премиерлигашките азиланти?

Не му тежи само на Манчестер Јунајтед договорот со Нани вреден 17 милиони фунти за чие раскинување Црвените Ѓаволи треба да платат огромно обештетување. Тука се уште и Подолски, Негредо, Чичарито, Салах, Марко Марин и други кои не знаат што ги чека ако се вратат на Островот.

Кладилничарски грижи после Јувентус - Реал Мадрид

Смешниов лик веќе неколку пати го намонтираа со превод за разни актуелни случувања во Македонија, а на Србите им текна да направат мајтап откако Јуве го елиминираше Реал во Лига на шампиони.