Еден од најсаканите фудбалери на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко од денес веќе не е најдобар стрелец во историјата на најтрофејниот клуб на светот. Него го престигна Кристијано Роналдо.
На стадионот Естади Корнеља Ел Прат во Барселона, Португалецот успеа да постигне неверојатни пет голови за 90 минута и да асистира за шестиот на Бензема во триумфот на Реал против Еспањол 0-6. Веќе со четвртиот гол на мечот, официјално најдобриот фудбалер на планетава според ФИФА и Франс Фудбал го престигна Раул кој ја заврши кариерата со 229 голови во дресот на Кралевите.
Подвигот на Роналдо е уште поневеројатен ако се земе предвид дека го сруши рекордот на Раул со дури 347 помалку натпревари од него. Три од петте гола му намести Велшанецот Герет Бејл. Инаку Роналдо го постигна 28. хет-трик во Ла Лига и му избега на Меси кој има 24. хет-трик достигнувања. Легендарниот Алфредо Ди Стефано и Телмо Зара останаа на по 22.
Инаку, мечот Еспањол - Реал Мадрид го следеа 32.155 навивачи, а се играше во делот на Барселона каде живеат навивачите на Еспањол, претежно обележени како приврзаници на централата од Мадрид и предавници на независноста на Каталонија.
Сите голови на Роналдо на мечот со Еспањол: