
Кога ќе помислите на аргентинскиот фудбал, секако прва асоцијација е најголемиот дуел на светот Бока Јуниорс - Ривер Плата. Сепак, фудбалот во оваа земја го сочинуваат и многу други големи клубови и дерби средби кои живеат во сенка на Суперкласико.
Едно такво дерби е Дерби дел Сур, мечот меѓу Банфилд и Ланус кои се сметаат за два најголеми тима во јужниот дел на провинцијата Буенос Ајрес. Локално дерби кое никако не смеете да го наречете дерби на Буенос Ајрес затоа што тоа ги навредува.
Интензитетот на омраза меѓу овие два клуба може да се мери со омразата меѓу градските ривали од Авеланеда, Индепендиенте и Расинг кои според сфаќањето на Аргентинците го играат второто најголемо дерби после Бока-Ривер.
Ланус е основан 19 години подоцна, на 3. јануари 1915. година. Името го добива по градот во кој е основан а кој се наоѓа веднаш до општината Банфилд.
Статистиката е за нијанса на страна на постариот, Банфилд, кој на 95 меѓусебни средби има 38 триумфи. Ланус има 31 победа а 26 средби завршиле нерешено. Сепак, Ланус има повеќе сезони како прволигаш, 58, а Банфилд 14 пати помалку играл во најдобрата аргентинска лига.
За тоа колку е големо дербито сведочи настанот од минатата пролет, кога Банфилд беше домаќин а на гостинските навивачи им беше забрането присуство. Еден навивач на Ланус решил да изнајми помал авион и да надлетува над стадионот Флоренцо Сола во Банфилд. Преку мегафон ги пеел песните на Ланус, а домаќините не можеле да се начудат.
Од познатите фудбалери, во Банфилд неколку сезони играа Хамез Родригез и Дарио Цвитаниќ, а за Ланус настапуваше Ариел Ибагаза некогашната ѕвезда на Мајорка.
Последното дерби Ланус - Банфилд се одигра синоќа. Имаше 11 жолти картони и 1 црвен. После три години Банфилд славеше на гостински терен:
Највисоката победа ја оствари Банфилд во 2008. кога победи 0-5. На тој меч домашните навивачи го напуштале стадионот уште во 30-та минута при резултат 0-3: