Приказна за Збројовка Брно

Од дом за бездомници до реновиран стадион

Навивачите и поранешниот капитен на клубот од вториот град по големина во Чешка се обединија во реновирање на стариот стадион кој ги памети славните денови на Збројовка Брно.

Кој не сака, ќе најде оправдување, кој сака ќе најде начин. Во оваа фраза би можела да се смести одличната акција на поранешниот капитен на Брно и навивачите на овој клуб.
 
Во Брно уште се памети сезоната 1977/1978. Толку долго се памети титулата државен првак на Чехословачка, која што веќе почнува да личи на легенда. Кај навивачите на Брно тоа предизвикува гордост но и носталгија за старите добри времиња кога вториот најголем град во Чешка имал со што да се гордее. Дури и во '90-те години од минатиот век, стадионот Лужанками редовно бил меѓу најпосетените стадиони во земјата.
 
На еден натпревар против славната Славија Прага на Лужанками имало дури 44.120 гледачи. Сепак тие времиња се минати, а периодот на транзиција многу го погодил клубот.

Лужанками е зараснат во коров, клубот Брно се пресели на новиот стадион Србска кој има капацитет од 12.550 гледачи. Но наскоро се може да се смени благодарение на еден човек кој успеал да го разбуди целиот град. Петр Шванцара има 36 години, а повеќе од половина од својот живот го минал токму на стадионот Лужанками. Од дете кое собира топки, до водач на навивачите, па се до капитен на клубот.
„Кога првпат дојдовме, овде можевте да снимите фантастичен хорор филм“, ја почнува Петр Шванцара приказната за тоа како почна реновирањето.
Натпреварите на Брно одамна не се како што некогаш биле, го нема громогласното навивање кога на противникот му се сечат нозете, вели Шванцара. Во 2001. година Лужанками е затворен, екипата играла лошо и Шванцара немал прилика на достоен начин да се прости од омилениот дрес. Решил да го смени тоа.
„Стадионот почна да се распаѓа од политички причини. Реконструкцијата беше неопходна, но никој не водеше сметка. На трибните никнаа дрвја, грмушки, коприви. Бездомниците се вселија на стадионот, а имавме и некои ретки видови на птици. Еден фазан со денови не можевме да го избркаме, секој ден се враќаше. Едноставно Лужанками стана негов дом“, се потсеќа Шванцара за Гардијан.

Му се јавила идеата прошталниот меч да го одигра токму на Лужанками, без разлика што во моментот бил руиниран.
„Еден ден отидов со косилка и што е најважно целиот град и навивачите застанаа зад мене. Секој ден на стадионот имаше по десетици луѓе кои доаѓаа да ми помогнат. И никој ниту еднаш не праша колку ќе добие затоа, што е прилично неверојатно за Чешка. Самиот терен и тревата чинеа околу 100.000 чешки круни (5.000 евра), а ние го добивме за џабе. Луѓето доаѓаа за викенд од други градови да помогнат. Најпрвин планиравме да исчистиме само еден стадион. Очекував околу 5.000 луѓе да дојдат на прошталниот натпревар, но подоцна сфатив дека целиот проект им прирасна за срце на луѓето и акцијата стана масовна“, продолжува Шванцара.
Надлежните органи одобриле на стадионот да дојдат 23.000 луѓе, но на 27. јуни годинава дури 35.000 луѓе го наполниле стариот Лужанками.
„Беше многу емотивно. Неколку пати ги криев созлите и на крајот не можев да издржам. Заплакав и не се срамам. Горд сум затоа што покажавме дека кога се има волја се има и начин“, констатира поранешниот капитен на Брно.
Откако 35.000 луѓе се собрале на ревијален меч, политичарите сфатиле колкава е моќта на Збројевка Брно. Планот на градската власт е до следното лето да се вложат околу 55 милиони евра во реконструкција на стадионот.
 
15 септември 2015 - 11:16