Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Теди Шерингам во тимот има фудбалер кој беше во затвор за хулиганство

Ден Велс беше уапсен во тепачка со навивачи на англискиот нисколигаш Лејтон Ориент, а сега е нервозен бидејќи го чека пресметка против истата екипа но како актер на теренот.

Како Ливерпул изведува слободен удар без Џерард

Џан, Милнер и Бентеке или го вежбале ова на тренинг или на Милнер му дојде спонтано. Што и да е точно, пожелно е повеќе да го вежбаат.

Малерозното деби на Меси од 43 секунди

Младиот 18 годишник дебитираше за аргентинската репрезентација пред точно 10 години, но со лактот направи сличен потег како Дарко Панчев против Данска и уште неиспотен го пратија во соблекувална.

Тројно црногорско промашување

Црногорскиот напаѓач Емир Кујовиќ кој игра за шведскиот клуб Норкопинг беше упорен во акцијата, ама му беше потребен и четврт обид за да го погоди голот.

Манчестер Јунајтед гази во одбрана

Тоа што Фердинанд и Видиќ ги нема повеќе на Олд Трафорд, не ја ремети одбранбената линија на Црвените ѓаволи која е најсигурна од ноември минатата година. Јунајтед со Крис Смолинг и Дели Блинд како стопери во последните 9 месеци има примено 23 голови, а новата сезона во Премиер лигата ја почнаа со две победи без примен гол.

Скопската Гуецова дружина во мал фудбал

Следната легендарна приказна на Ивко Панговски кој ни ја раскажа се однесува на една историска скопска рекреативна дружба на која учествувал и тој и за која вели дека за малку ќе влезела во Гинисовата книга на рекорди.

Проектил ала Роберто Карлос

Мислевме дека ова е листата на голчишта од викендов која треба задолжително да ја погледнете, ама не сме го ставиле главниот топовски удар. Тијаго Карлето од Ботафого заслужува чиста 10-та за ова чудо.

Нов напаѓач меѓу голманите

Зденек Зламал е голманот кој постапи јуначки како Мартин Хансен. На корнерот во 92 минута никој не му текна дека треба да му залепи чувар, а тој од ситуацијата профитираше со погодок вреден бод за неговиот чешки тим Дукла Праха.

Животот на првиот англиски фудбалер кој призна дека е геј

Мислам дека направи, односно дека направивме една ситуација во кој беше изолиран. Не мислам дека прифативме тоа што е геј. Кога велам “ние“ најверојатно сакам да се заштитам за да не кажам “јас“, изјави неговиот брат.

Топ 4 голчишта од викендов

Холандија и Англија ги донесоа најатрактивните голови овој викенд, а наш фаворит е слободниот удар на фудбалерот од Хераклес.

99 резултати од 101 меч на страната на Атлетик Билбао

Мотивација за Барселона вечерва да го анулира дебаклот од 4:0, треба да биде еден меч пред 15 години кога Луис Енрике постигна хет-трик, а најлошото можно сценарио е да им се повтори двомечот со Баерн Минхен.

Браќата кои заиграа за различни репрезентации

Тешко дека го знаете Макс Виери, брат му на славниот Бобо или Матијас Погба, брат му на Пол, бидејќи едниот играше за Прато, а другиот за Кроли Таун. Познати браќа од фудбалот се Алкантара и Боатенг. И покрај тоа што се родени во иста земја, не ја претставуваа истата.

Стартува Бундеслигата, Баерн е империја за другите

Баварците се трети во Европа по приходи и ќе бркаат историски подвиг, а тоа е да станат првиот германски клуб во историјата со четири освоени титули во низа.

Двата милиони евра на Ромарио во швајцарска банка кои не постојат

Многу поранешни славни бразилски фудбалери отидоа во политика како Бебето, Вампета, Тулио, Роберто Динамите, па дури и Зико и Пеле, но на никој не му оди како на Ромарио, еден од најдобрите голгетери на оваа фудбалска земја кои ги брка криминалците во фудбалот.

Како да изнервираш навивач на Јунајтед за 60 секунди

Навивачите на Челси ги изнервиравме, а сега се на ред оние на Манчестер Јунајтед кои примија 5 гола од Лестер, 6 од Манчестер Сити и за тренер по Фергусон го имаа Мојс.

Отворени огласи за фудбалери

„Така се бараат пекари, па зошто да не и фудбалери. Одма се гледа кој знае да игра исто како кој знае да меси леб“, вели претседателот на Раднички.

Милан ја освои Лигата на шампионите

Милан Пике е синот на Пике кој го постигна победничкиот гол и го подигна трофејот во најелитното клупско европско натпреварување.

Пушкаш наградата слободно нека оди кај третолигашов

Голманот на Ден Хаг денеска го засени анонимусот Карстен Камлот кој игра во третата германска лига и кој му покажа на Златан Ибрахимовиќ дека има и други момци надарени за гимнастичарски акробации во фудбалот.

Најпознатите инциденти во фудбалот во детска верзија

Божјата рака на Марадона, гризењето на Суарез, главата на Зидан и уште неколку славни прљави моменти од фудбалот кои уште многу години ќе се раскажуваат, ги глумеа деца.

Голманската петица од навивачки агол

Мартин Хансен од Ден Хаг е јунакот во воведното коло од холандското првенство откако во 95-та минута го реши мечот против ПСВ како да е врвен напаѓач. Лудата завршница успеа да ја сними навивач со телефон.