Ракометна Лига на шампиони

Душебаев: Паѓа Барселона пред ваква публика

Супер дербито од 8. коло во групата Б, Вардар - Барселона се игра во недела од 17:45 часот, а Црвено-црните веруваат дека полната сала ќе биде играч повеќе за тимот кој несреќно загуби во Каталонија.

Скопје и Македонија виделе многу ракометни битки и дерби дуели уште од времето. Сепак ова што предстои во недела е битка за кој се зборува речиси неколку месеци наназад.
 
Во Јане Сандански ќе гостува актуелниот европски шампион Барселона, предводена од капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров и многу други ѕвезди на ракометот. На првиот дуел во Шпанија, Вардар загуби тесно, но покажа заби и докажа дека може да игра и против најголемите.
„Мислам дека минатата недела во Барселона одигравме добар натпревар, но ни требаше малку среќа. Еден гол направи пресудна разлика. Не бевме доволно одморени, но за натпреварот во недела сме подготвени, затоа што цела недела тренираме напорно. Сигурно дека ќе биде тежок натпревар, но со помош на нашите навивачи можеме да победиме. Барселона има играчи кои сами може да го решат дуелот, како Жалуз, Кире Лазаров. Затоа мора да внимаваме во одбраната“, изјави Алекс Душебаев на денешниот прес.
Во врска со здравствениот билтен, тренерот Раул Гонзалес изјави дека Стојанче Стоилов изгледа добро, тренирал со полна пареа и дека ќе биде во комбинација за дербито. Од друга страна, Илија Абутовиќ тренирал првпат вчера и најверојатно нема да игра.
„Таму загубивме со еден гол. Игравме добро, но не и супер. Се соочивме со многу тешкотии при патувањата и многу натпревари. Претходно игравме со Веспрем, играчите беа и со репрезентацијата, така што во Барселона бевме еуморни. Неделава имавме два дена повеќе за одмор, трениравме одлично. Ќе мора во недела да искористиме сè, затоа што против Барселона не значи дека кога играш добро сигурно ќе победиш. Би сакал да ја повториме играта од натпреварот против Кјелце, но ќе биде тешко. Играчи како Лазаров и Раул Ентрериос не знаете кога ќе блеснат“, изјави Раул Гонзалес.
Дуелот Вардар - Барселона се игра во недела од 17:45 часот. Влезници веќе нема, а во и околу клубот веќе се чувствува празничната атмосфера пред овој дуел.
 
Пред 5 дена, Вардар беше лидер во Б групата, но после поразот од Барселона падна на 3. место. Пик Сегед славеше на гости кај Кристијанштад (34-32), а Рајн-Некар Ловен ја оправда фаворитската улога против Монпеље и славеше 25-21.
 

Барса и Рајн-Некар се на делба на прво и второт место со по 11 бодови, а Вардар е трет со 10 колку што има и четвртиот ПИК Сегед кој има натпревар повеќе од Вардар. Следуваат Кјелце со 8, Кристијанштад со 4, Монпеље со 4 и Колдинг со 2 бода.