Виери како бек
„Кога имав 14 години, тренерот ме стави да играм лев бек. Играв на таа позиција и давав повеќе голови од напаѓачите. Му реков:Не дека не сакам да играм во одбрана, но мислам дека најдобра опција за мене е да бидам напаѓач“.
За почетоците во Серија Б
„Мајко мила, какви моменти имав во втора лига. Во тоа време Инзаги беше меѓу кадетите, бевме пријатели, а јас му се јавував за да се шегувам и да го плашам пред натпреварите. `Пипо утре ќе те скршам, има еден лудак од моја екипа кој ќе те чува и кој ми кажа дека си му преку глава`. Инаку во Серија Б се играше машки, човек на човек, секој меч беше како војна. Тоа беше лига која ме направи цврст. Терените беа незгодни, посебно на југ. Одиш, се смееш и им кажуваш „Добар ден“, а тие ти враќаат дрско“.
За трансферот во Атлетико Мадрид
„Ми се јавува Моџи. Одам кај него во канцеларија, а таму го наоѓам мојот менаџер и директорот Бетега. На својот препознатлив мирен начин и со неговите полузатворени очи ми кажува дека е спремен да ми ја зголеми платата, но дека тоа не може да биде повеќе од 2 милијарди лири. Атлетико ми понуди 3,5 милијарди и јас отидов во Шпанија. Признавам, мислев на џебот. Ако можам да го вратам времето, би останал во Јуве.“
Голот вреден Ферари
„Во пресрет на мечот Атлетико Мадрид – Паок зборувам со синот на претседателот на клубот и му викам дека ако дадам три гола во Лига на шампионите, очекувам Ферари. Тој стварно разговарал на таа тема и ми кажа ок Бобо, направи хет-трик и добиваш Ферари. Се сеќавате ли на голот од мртов агол блиску до корнер знаменцето? Сите го видоа, но никој не знаеше дека вреди Ферари“.
Случката со Салас
„Кога играв во Лацио се сеќавам на еден случај со Марчело Салас. Јас знаев да возам мотор, а Чилеанецот беше катастрофа. Се качи на Харли Дејвидсон и по неколку дена удри во бандера. Му ставија седум конци на главата, но никој не дозна за тоа“.
Неста да, Гамара не
„По 5 мај 2002-та кога во последното коло останавме без Скудетото, ги убедив Роналдо и Рекоба да ни ја намалат платата за да дојде Неста. Ми се јавува син му на Морати: Бобо знаеме дека си накурчен, но Неста е премногу скап. И татко ми е лут, но не се секирај, земавме одлично играч. Кој е тој нема друг како Неста?. Гамара. Ништо не му одговорив и без да го прекинам разговорот го треснав телефонот од земја и никогаш не го погледнав тој телефон. Гамара беше добар и немам ништо против него, но Неста во тоа време беше врвот“.
Роналдо си оди
„Една вечер во месец јули 2002 година, во 3:30 по полноќ ми се јавува Морати: Здраво Бобо, слушај до мене е Марко Тронкети. Претседателе немој да ми кажете дека е нешто со Роналдо. Бобо, сака да си оди. Немојте, не смееме да го продадеме. Има проблеми, со Купер не се сложуваат баш. Сака да си оди Бобо, тоа е“.