Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Арсенал прави лажна математика со навивачите

Топџиите минатата сезона на еден натпревар објавиле дека на Емирати имало 5.184 навивачи повеќе од реалната бројка.

Уапсен Албанецот со дронот, носел пиштол Застава без дозвола

Речиси една година помина од дуелот Србија - Албанија кој беше прекинат по инцидентот со дронот, а ден пред реваншот во Елбасан, албанските власти во Тирана го уапсиле Исмаил Морина кој имал карта за мечот, но и пиштол без дозвола како и 30 влезници за мечот.

Нејмар, Роналдо и Меси на Инстаграм

Бразилскиот напаѓач е најследениот спортист на социјалната мрежа наменета за објавување фотографии и кратки видеа и е во тесна трка со Роналдо.

Пројдоа времињата кога дресот не се валкаше за пари

Катар Ервејс и натаму ќе биде главен спонзор на дресовите на Барселона, која за тоа според новиот договор ќе добива неверојатни 70 милиони евра годишно до 2021 и на тој начин ќе го има најскапиот дрес на светот.

Скопјанец остана без 5.500 евра поради сомнителен меч

Андерлехт како фаворит на домашен терен против Мехелен, викендов промаши три пенали, а во 94-та си даде автогол за конечни 1:1. Дали е тоа случајност или местенка најмногу го засега тој што го уплатил тикетов во Маџари.

Времето сојузник на Гранит во дуелот со ФАКОМ

Во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија Гранит со тесна победа го совлада ФАКОМ, а ЕЛЕМ и МЕПСО беа подобри од Систина и ХАЛБАНК.

Момци време е за пензија

Повремено гледаме како некои фудбалери ги прекинуваат кариерите поради несреќни повреди, но исто така има играчи кои се чини дека ќе играат засекогаш и вешто ѝ бегаат на пензијата.

Нема да играм за Франција додека сум жив

Самир Насри ја шокираше француската фудбалска јавност со изјавата дека веќе нема да заигра за Триколорите, па дури и татко му да стане селектор на Франција.

МЗТ го загуби трилерот во Пионир против Партизан

Кошаркарите на МЗТ Скопје го имаа триумфот против Партизан во рака, но само осумте поени во последната четвртина не беа доволни за нови бодови на Јадранот.

Не играј шева со Хуан Мата

Познат како фудбалер со најдобар прв прием на топката, Хуан Мата е шоумен на тренинзите на Ман. Јунајтед и шпанската фудбалска репрезентација. Често од играчите прави циркузанти со одличните потези.

Меси и Роналдо како пријатели

За Мурињо и Венгер излезе љубовна афера, а ова со најдобрите двајца фудбалери во светот е чисто пријателски.

Дебито на англиската фудбалска икона

Датумот 6 октомври за Англичаните пред 14 години донесе голема радост, но тој ден носи многу постара и позначајна историја во која се наоѓа најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед кој им ја донесе првата титула во ЛШ.

Фергусон: Гвардиола требаше да ми се јави за да ме замени

„Мурињо, Анчелоти и Клоп беа зафатени, а исто и Ван Гал. Пеп ништо не ме извести инаку ќе го земевме“, вели Сер Алекс Фергусон.

Најдобрите фудбалски видео игри на сите времиња

Со излегувањето на ФИФА 16 неделава, а по излегувањето на Про Еволушн Сокер минатата недела, Телеграф ги рангираше 10-те најдобри фудбалски видео игри на сите времиња.

Фер плеј на векот

Во време кога во фудбалот има многу ликови кои паѓаат како покосени за да изглумат пенал, Елвин Мамадов од Карабах на дербито против Интер Баку во Азербејџан им одржа лекција по фер плеј. Судијата му свирна пенал, а тој не сакаше да го признае и го утна намерно.

Како се мотивира навивач на Холандија

Краткото видео под наслов „Никогаш не губи надеж" во 4 ипол минути прикажува како во фудбалот работите се менуваат преку ноќ. Ако пред само една година беа трети во свет на Мундијалот во Бразил, Холанѓаните сега мака мачат да се изборат во баражот за пласман на ЕП 2016.

Дејвид Бекам vs Грција

На денешен ден пред 14 години еден од најславните фудбалери на планетата ја однесе Англија на СП во Јужна Кореја и Јапонија со гол против Грција за конечни 2:2 на Олд Трафорд, во квалификациски натпревар кој беше дел од групата 9.

Роџерс не треба да работи, ќе зема плата и по отказот

Ирскиот стручњак во Ливерпул заработуваше 6,5 милиони евра годишно, а тоа ќе го прави и во наредните две години со таа разлика што сега не мора ништо да прави.

Најдобрите 5 голови на Клоп како играч

Јирген Клоп играше за Мајнц од 1992 до 2001 и во тој период настапи на 337 натпревари на кои постигна 52 голови. Ливерпул во текот на неделава би требало да го промовира Клоп за наследник на Брендан Роџерс.

Новакот Пекабеско со деби победа во Бизнис Лигата

Во првото коло од 6-та сезона во Бизнис лигата на Македонија победи остварија Пекабеско, ЕВН и АрцелорМиттал.

Порто како струшка Велешта

Нисколигашот Велешта своевремено имаше рекорд на домашен терен, учинок што одеше во склад со натписот пред влезот на теренот „Чест секому, бод никому“. Таква победничка серија има и Порто кој славеше на 19 натпревари по ред на домашен терен во сите натпреварувања од 19-ти декември минатата година.

Погледни го голот од кој агол сакаш

Манчестер Сити во тунелот на стадионот постави камера која може сами да ја вртите 360 степени и да слушате што причаат на српски Коларов и Ивановиќ. Чарлтон таква камера стави позади гол и сега може да им го видите израмнувачкиот погодок против Фулам во 91-ва минува од кој агол сакате.

Каде се 86-те милиони на кутриот Милан

Потрошените пари не му донесоа корист на Милан: секој бод Росонерите ги чини 10 милиони евра, екипата шутира помалку од Карпи и Фрозиноне и има гол разлика -5 што е негативен рекорд во целата ера на Силвио Берлускони.

Махер на колото со 20 натпревари

Рубриката махер и малер на колото ни оди во понеделник и петок, но за дечково направивме исклучок бидејќи е цар. Никој до сега не ни пратил тикет со 20 фатени утакмици.