Детето кое му пиша на Фергусон, му пиша и на Ван Гал

Пол Ебуе на 11 години имаше неколку логични забележи околу тактиката и потезите на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед во сезоната 2004/2005 и реши да му ги каже по што доби и одговор. Сега чекаме одговор и од Ван Гал.

Почитуван г-дин Фергусон

Мислам дека сте голем тренер. Јас сум ваш голем фан, а исто и на Манчестер Јунајтед. Вашите рекорди се фантастични и со Абердин и со Манчестер, но сепак јас не се согласувам со сè што правите и доколку јас бев тренер некои работи би ги направил на друг начин.

На пример, не би се обидувал упорно со формацијата 4-3-3, кога со 4-4-2 оди подобро. Исто така Вејн Руни по природа не е крило и подобро игра зад Руд ван Нистелрој. Јас не би се откажал од Дејвид Бекам поради една работа. Тој продава многу дресови и би било добро да го имате него во среден ред заедно со Роналдо, Кин, Сколс и Гигс/Парк.

Би го држел Рикардо како трет избор за голман за да се види колку е добар. Од тоа што го видов до сега од него, мислам дека е квалитетен голман. Не би му дозволил на Карлос Квеирос  да го избере тој тим против Норич. Многу играчи немаше од првиот тим кои играат на своите стандардни позиции. Мислам дека финале во ФА купот ја одбележува целата наша сезона. Многу шанси за погодок, но ниту една искористена. Мислам дека тоа е тоа што треба Јунајтед да го работи оваа сезона, ако сакаме да освоиме нешто.

Сепак задоволен сум од новите засилувања Едвин ван дер Сар и Парк Ји Сунг. Ван дер Сар има големо искуство и може лесно да го замени Питер Шмајхел. Парк исто така е добар играч и многу разновиден. Генерално сè уште мислам дека сте одличен тренер и еден од најдобрите во Европа, ако не и во светот.

Искрено

Пол Ебуе, 11 години

Одговорот на Фергусон:

Почитуван Пол

Благодарам за вашето неодамнешно писмо. Секогаш е убаво да се слушне мислење од нашите навивачи и вашите коментари се за ценење.

Од личен аспект, би сакал да ја искористам оваа прилика и да ви се заблагодарам за вашата лојална поддршка и посветеноста на клубот во текот на овие години.

Најдобри желби

Со почит

Сер Алекс Фергусон

Тренер

По десет години, Пол испраќа ново писмо до клубот, овој пат до Луи ван Гал

„Верувајте повеќе во квалитетот на играчите кои се во напад и престанете да ги форсирате да бидат така крути.

Дајте им малку повеќе слобода кога напаѓаат, наместо да стојат како роботи.

Престанете да им забележувате секоја грешка кога се обидуваат да направат нешто креативно.

Ве молам не го пуштајте повеќе Фелаини од прва минута.

И никогаш, под овие околности, не го ставајте во игра Фил Џонс во 90-та минута кога губиме време.

5 јануари 2016 - 16:00