Темната страна на Французинот

Култот на личноста на Зидан и полувистините за него

Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.

Луд е секој оној кој би ги негирал фудбалските заслуги на Зидан. Извонреден фудбалер, генијалност и елеганција на теренот, но сликата од неговата биографија често останува непотполна. Луѓето го идеализираа дури и по инцидентот во финалето од СП 2006 кога го удри Матераци со глава. За оние кои од претходно го познаваа неговиот карактер, неговото однесување на мечот со Италија не беше вест.
 
И не е важно како и зошто Зизу го удрил Матераци: Секој нормален спортист треба да научи да не реагира на провокации, а Французинот често имаше не баш мотивирани испади.
 
 
Зинедин во кариерата имаше ситуации кои тактички ги премолчи, иако во воздухот се чувствуваше дека згрешил. Не можеше под изговорот лош ден да го прави тоа што често го правеше. Во кариерата 12 пати беше исклучен од кои 11 со директен црвен картон. Титулата Џентлмен на годината за Зизу беше како научна фантастика.
 
18 јуни 1998. година. Идниот најдобар фудбалер на светот во стилот на Пепе без топка удри еден репрезентативец на Саудиска Арабија и ја остави Франција на цедило на следните натпревари. Во 1/8 финалето од СП, Триколорите со огромен труд го минаа Парагвај. Од изведување пенали против екстравагантниот Хозе Луис Чилаверт ги спаси златниот гол на Лоран Блан. Французите го освоија златото благодарение токму на Зидан, така што идиотскиот потег остана во сенка.
 
 
26 септември 2000. година. Отприлика ништо не може да го оправда грубиот старт врз Емерсон од Депортиво на средината на теренот.
 

24 октомври 2000. година. 29-та минута од мечот со Хамбург, Јуве дома губеше 0-1 и силно ризикуваше да не ја помине групата. Зидан наместо лидерските способности ја покажа темната страна и доби директен црвен картон поради тоа што со глава удри противнички фудбалер како во случајот со Матераци шест години подоцна. Јувентус заврши последен во групата во конкуренција со Депортиво, ПАО и Хамбург, а Зидан следното лето замина во Реал Мадрид.
 
 
Јуве и Манчестер Јунајтед водеа големи битки во втората половина од '90-те години, а Зидан просто не го поднесуваше Бекам. За фаулов немаме друго објаснување.
 
 
Во целата колекција на подвизите на Зидан стои и неговиот конфликт со Луис Енрикe на едно Ел Класико на Бернабеу.