Моќта го исфрла на површина нашиот вистински карактер, ги откочува инхибициите и го ослободува нашето внатрешно „јас“. Тоа значи дека ако си сељак и добиеш власт, после ова ќе станеш уште поголем сељак. Ако си господин човек, има шанса да станеш уште погосподин.
Њујорк Тајмс на психијатриски кауч го става Доналд Трамп и неговиот терсене табиет заради кој никој во Белата куќа не смее да помисли да му зуцне а не па да му каже дека некаде погрешил или претерал со Твитер. Освен еден човек.
Една од најсмешните изјави на Златан во последниот период беше „Во четврток не играм фудбал“, алудирајќи на трансфер во екипите кои го бараат а кои играат во Лига Европа. Во едно видео има колекција на сите негови испади во последните неколку години.
Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.