Во најновата ранг листа на ФИФА, Македонија уназадуваше две места и за малку не стигна до најлошото 139-то место во историјата на кое беше минатата година.
Од противниците во новиот квалификациски циклус за СП Русија 2018 кој почнува на есен, полош од нас е само Лихтенштајн кој се наоѓа на 165-та позиција. Шпанија е трета, Италија 15-та, Албанија 38-ма, а Израел на 71- место.
На врвот и натаму е Белгија, а потоа следуваат Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.
Можност за подобрување на ова срамно место, нашите фудбалери ќе имаат во март кога ќе одиграат две пријателски средби, на 23 март против Словенија и на 28 март со Белорусија.