Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Како штипски новинар се спасил од ќотек на радио пренос

Фудбалскиот работник од Куманово со помош на фудбалот спасил жива глава за време на Втората светска војна. Следната приказна на Панговски е од поново време и се однесува на негов колега од Штип кој известувал од соблекувална.

Мижи и бирај си картон

Ова можеби ќе ви личи на пародија, ама сепак се има случено во Јапонија.

Пипо Инзаги пак во офсајд

Поранешниот тренер на Милан во моментов е без работа, но и натаму зема плата од клубот кој му исплаќа пари поради предвреме раскинатиот договор. Во меѓувреме Инзаги ја потврди тезата за најголем шармер меѓу италијанските фудбалери. Треба да се дружи повеќе со Виери.

Партизан прослави 70 години постоење

Претставата „Добро паметам сè" во режија на Неле Карајлиќ и Драган Бјелогрлиќ синоќа ги воодушеви гостите на прославата на јубилејот 70 години од основањето на спортското друштво Партизан.

Првиот шут на Коби Брајант сезонава

По долга 9 месечна пауза поради повреда, на паркетот се врати една од најголемите ѕвезди во НБА лигата. Осетот за шут малку и го подзагубил со оглед на неговата статистика од само 5 поени на претсезонскиот меч против Јута.

Некои нови Меси и Иниеста

Академијата Ла Масија подготвува нови играчи кои еден ден би требале да истрчаат на Камп Ноу и да ги заменат Меси, Иниеста, Суарез...

1000-та на Кире по сезони

Капитенот на Македонија викендов стана првиот ракомет во историјата со 1000 постигнати голови во Лигата на шампионите. Тоа достигнување го почна со Пелистер, а го заокружи со Барселона.

Верноста на скромниот Пол Сколс

За него не сте можеле да слушнете лоши работи надвор од теренот, иако беше темпераментен на теренот. Живеел повлечено и сакал да игра фудбал. Сега оди по свој пат, но и натаму е во врска со играта која му даде многу, а тој ѝ даде уште повеќе.

Лужники е во пламен

На стадионот во Москва на кој ќе се играат натпревари од Светското првенство 2018-та, утрово избувнал пожар кој според првичните информации се случил откако бил запален отпад.

Зошто голман во Русија излегува три пати?

На мечот ФНЛ Том - СКА Енергија во Русија, гостинскиот голман Јури Дјопин наместо во судиското продолжение, во противничкиот шеснаесетник одеше на три пати во текот на мечот. Првиот пат во 64-та минута при резултат 1-0 за домаќините. На пресот после мечот изјавил дека тоа била одлука на тренерот Александар Григорјан, а не негова.

Конечно можам да твитам за Ливерпул

Кога тренерот на твојот омилен клуб ќе те нервира до таа мера да дадеш завет дека нема да пишуваш за тимот додека е тој тренер, тогаш неговиот отказ ќе ти дојде како прослава на Нова година.

Ја штелувале или прв пат шутираат пенали?

Не може човек што игра во кладилница да не изеде бабури за вакво нешто. Андерлехт кој е 33-кратен првак на Белгија, игра дома со Мехелен, фаворит е и сите ја играат кец. Во прво полувреме промашува два пенали, потоа на почеток на второ дава гол, па промашува уште еден пенал, а потоа во 94-та си дава автогол. 

Бразилски аут во женска верзија

Сето тоа Бразилките добро го извежбале на тренинг, што не им беше потребно топката ниту да падне, ниту некоја да ја удри со нога.

Брат за брат, фудбалот на Крим за пари

Таврија Симферопол е првиот шампион на независна Украина, но клубот е распуштен по отцепувањето на Крим од оваа земја. Година дена подоцна, два одделни клуба го носат истото име и секој оддедлно се смета за прав наследник на шампионот.

МЗТ победи во празна сала

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија првата победа во новата сезона од АБА лигата. Пред околу 300 симпатизери, Штрковите го совладаа Металац со 93-67 (19-16, 24-14, 22-21, 28-16).

Вардар ја обои Шведска во црвено и црно

Ракометарите на Вардар на југот од Шведска го совладаа Кристијанштад 30:25 (15-13) и се искачија на првата позиција на табелата во групата Б. Дибиров и Карачиќ се повредија, следен ривал е Рајн-Некар во Скопје.

Петицата на Санчез и еуфоричен старт на Емирати

Во неверојатен почеток на дербито против Манчестер, фудбалерите на Арсенал за 20 минути дадоа 3 гола. Првиот беше ремек дело на Чилеанецот Алексис Санчез.

Кореа ја сруши физиката против Интер

Фудбалерот на Сампдорија, Жоакин Кореа веројатно уште долго ќе се јаде за пропуштената шанса против Интер во седмото коло од Серија А.

Потребна е регионална фудбалска лига

Поранешниот селектор на Јапонија и еден од најдобрите балкански стратези во историјата ја повтори идеата за основање на регионална фудбалска лига која ќе го извади балканскиот фудбал од калта.

Металург е “жив“, го збриша и норвешкиот првак

По триумфот против Кадетен Шафхаузен минатиот викенд, младите момци на македонскиот вицешампион приредија уште една одлична борбена партија во Лигата на шампионите, а овој пат настрадаа ракометарите на Елверум.

Петка на Агуеро за 20 минути

Таман ги изброивме рекордите кои ги сруши Левандовски со најбрзите 5 гола во Бундеслигата, од Премиер лигата со реплика се јави Серхио Агуеро. Аргентинскиот репрезентативец од 42 до 62 минути пет пати стрелаше во голот на Њукасл за победа на Манчестер Сити од 6:1. 

Кока Кола и Мек кренаа раце од Блатер

И покрај тоа што најголемите спонзори на ФИФА, Кока-Кола и МекДоналдс го повикаа да замине од функцијата, Сеп Блатер не размислува да стане од фотелјата.

Поранешен НБА играч ќе игра во Гевгелија

Еден од подобрите возрасни кошаркари на овие простори, Србинот Ратко Варда потпиша со Кожув, кој ќе биде неговиот 17. клуб во богатата кариера во која играше и во НБА.