
Душко Кораќ почнал да се занимава со новинарство во 1978 година на Радио телевизија Белград. Имаше голем број на обожаватели кои не ги пропуштаа неговите преноси, а други го сметаа за контроверзен коментатор и му ја оспоруваа професионалноста.
Познат е по емотивните преноси, па така во 2006 година беше суспендиран на еден месец поради нарушување на професионалните принципи на Европско првенство во Атлетика.
Фудбалот му го забранија во 1990-та поради инцидентот на Максимир кога Ѕвонимир Бобан удри полицаец на мечот меѓу Динамо и Црвена Звезда. Татко му на Кораќ бил полицаец и тој тоа го доживеал лично.
Одбојкарот Иван Миљковиќ барал да му забранат да коментира одбојка поради тоа што отворено го критикувал за време на еден пренос, па дури и напишал петиција која била неуспешна.
Последниот пренос му беше пред две недели на одбојкарскиот меч меѓу Јединство и Тент на кој се онесвестил, а на помош истрчаа одбојкарките и лекарскиот тим на домаќините.
Кораќ коментираше ватерполо, одбојка, формула, бокс, пливање, атлетика...
Светско првенство во атлетика 2015 (финале, 100м)
Светско првенство во атлетика 2015 (финале, штафета 4x100м)