Убавиот ефект на Четирите скокалници

Како летаа Петер Превц и колегите

Турнеата Четири скокалници е симбол и сопатник на новогодишните празници. Како што е Супер Боул во САД или Тур Де Франс во велосипедизмот, така е турнејата Четири скокалници за зимските спортови. За некого изгледа шармантно, а за некого опасно и ризично.

Апсолутен херој на 64-то издание е Словенецот Петер Превц. 23-годишниот Превц има две медали од Олимписките игри во Сочи (сребрена и бронзена), но победата на турнеата Четири скокалници е една од најголемите во неговата кариера. Превц освои три етапи по ред, хет-трик кој последен пат го оствари Волфганг Лојцл пред седум години. Единствен кој славеше на сите четири етапи е легендарниот Свен Ханавалд во сезоната 2001/2002.

Гармиш-Партенкирхен, Рихард Фрајтаг зема залет:

Инсбрук - Локалниот херој Штефан Крафт полета над боровата шума на Алпите:

Бишофсхофен - Како во вселената

Инсбрук - Словенецот Петер Превц имаше време да го разгледа градот:

Оберсдорф - Дали сте виделе чистачи на небото?

Гармиш е убав и кога нема многу снег:

Летовите на најсмелите скијачи ги гледаа преку 100.000 гледачи:

Небото над Оберсдорф е тесно за четири падобранци, два авиони и Даики Ито:

Сега разбирате зошто го избрале овој спорт?

8 јануари 2016 - 11:25