Нека се вика Ланесра, поради Арсенал

Во Австралија, еден загрижен навивач на Топџиите ја крстил ќерка му по името на славниот клуб но прочитано од спротивна страна. Сопругата дознала дури после две години од каде дошла идејата.

Ланесра е оригинално и убаво женско име. Но тоа не ѝ изгледа така и на Клер Смит од Блектаун, Нов Јужен Велс во Австралија, која што после две години открила дека нејзината малечка е крстена по еден фудбалски клуб само спротивно. Идејата му дошла на нејзиниот сопруг кој решил да премолчи некое време.
 
Сопругот го прави тоа во стилот на Пол Ашворт, јунакот на славниот роман на Ник Хорнби „90-минутна грозница“, чиј лик и дело потврди дека реалноста понекогаш ја надминува фантазијата. Потеклото на името го открива сопругата во едно писмо до познат австралиски весник.
„Ја крстивме нашата ќерка Ланесра, затоа што е единствено и романтично име. По две години сопругот ми кажа дека во реалноста тоа е името на неговиот омилен клуб, само напишан од позади“, вели Клер Смит.
Откритието доаѓа само еден месец по признанието на славниот британски бијатлонец со сомалско потекло Мо Фарах, олимписки шампион на 2.000 метри. По раѓањето на четвртото дето, во едно интервју за магазинот Хелоу признал дека сакал да го кристи Арсенал како второ име покрај Усеин, но „жена ми Таниа не сакаше".
 

Сакале жените, мајките и девојките или не, Арсенал на Венгер патува сам на врвот на Премиер лигата. Дали би се обложиле дека ако ја освои титулата после цели 10 години нема да се појават нови девојчиња по името Ланесреа. Обложувалниците веќе ги проучуваат коефицентите, а ние очекуваме навивачите на Рома да го сторат истото со своите деца.

5 јануари 2016 - 13:36