Интернетот избрза со галењето на девојчето

Легендите на Ливерпул и на репрезентацијата на Австралија одиграа пријателски меч во Сиднеј, а на социјалните мрежи се фатија за еден навидум контроверзен момент кој нема врска со тоа што го помислиле.

На егзибиционата средба која заврши 4:0 за Ливерпул се појавија ѕвезди како Стивен Џерард, Луис Гарсија и Џејми Карагер, но на социјалните мрежи главен момент за коментирање беше еден кадар кој го фатија камерите за време на химните.

Австралиецот Крег Фостер, инаку поранешен играч на Кристал Палас и Портсмут кој се пензионираше во 2003-та погали едно девојче од колоната на децата која се појавија со нив на терен.

На Фејсбук и Твитер веднаш го нападнаа и немаа појма дека всушност за работи за едно од трите деца на Фостер. Тоа е неговата 8 годишна ќерка која се обидувал да ја смири бидејќи била нервозна пред нејзиното прво појавување пред толку публика.

За Фостер бил посебен момент што неговата ќерка за прв пат се појавила како маскота, а посакувал таму да бидат и другите две негови деца. Избрзаната реакција на луѓето кои го плукаа ја објасни по мечот.

8 јануари 2016 - 11:45