Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Руски хулигански план за ЕП 2016

Големите натпреварувања како што е Европско првенство секогаш се десерт за хулиганите од разни земји кои ќе имаат прилика одново да се докажуваат преку глупоста наречена насилство. Полицијата има полни раце работа пред почетокот на турнирот.

Дресови на денот

Ако овој клуб пател од внимание, сега ќе го има. Се работи за шпанскиот четвртолигаш Клуб Депортиво Паленсија кој соработува со најлошиот дизајнер.

Не знам многу за фудбалерите во лигава, но тие знаат за мене

Со оваа изјава Златан Ибрахимовиќ пристигна во ПСЖ во 2012 година. Одигра 4 титули за 4 сезони, три пати стана најдобар стрелец во Лига 1 и по 152 постигнати гола на 178 средби денеска официјално го најави своето заминување од Париз. По што тип на изјави го знаеме.

Патот на Џузепе Роси, детето кое спиело во дресот на Шевченко

Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.

Колку пари изброија португалските клубови од трансфери

Одговорот е 1,8 милијарди евра за 16 години. Колачот се поделил вака. Од 2000 година Порто продал играчи за сума од 847 милиони евра, Бенфика за 572, а Спортинг за 206. Останатите 210 милиони евра ги броеле поситните риби. Најскапиот трансфер во португалскиот фудбал и натаму е оној на Хулк кој од Порто во Зенит пред 4 години замина за 60 милиони евра.

Офсајд лик: Рафа Бенитез

Иако не е целосно виновен што еден Њукасл каде играше Алан Ширер ќе оди во втора лига, бидејќи го водеше на само 10 меча, не може да не го ставиме во оваа рубрика човекот кој го освои историското финале во ЛШ против Милан. Едноставно не му личи да биде второлигаш.

Кој продава најмногу дресови годинава

И покрај тоа што Челси има сезона за заборав, тоа не значи дека навивачите не влегуваат во фан шоп. Продажбата на дресови за разлика од лани им е зголемена за нешто повеќе од една третина, а само еден процент повеќе од нив продаваат Баварците.

Вратарот и Карлос Пујол во Мексико Сити

Легендата на шпанскиот фудбал отишол да седне во едно место во Мексико Сити за да гледа полуфинале, а таму вратарот му кажува дека е полно. Пујол ги догавара другарите и со 4 фори седнуваат на пијалак. И сè во склоп на реклама за Хајнекен во Лигата на шампионите.

Шпанците сакаат таа да им суди

Фернанда Коломбо, родена 91-ра во Бразил почна како линиски судија, стана многу популарна, а успеа да се пробие и како главен судија во бразилската Серија А. Марка тврди дека таа има шпански корени и дека може да суди во Ла Лига. И после ако не му дели картони на Роналдо сите ќе трубат дека имаат нешто.

Потивко, мастерот држи предавање

Кака, Роналдињо и Ривалдо играа во различни клубови, освојуваа многу пехари на други страни, но беа согласни во едно. Техниката ја подобриле благодарение на Феноменот.

11 клубови, 1 трофеј - Валери Божинов

Бугаринот Валери Божинов има ресепктабилна кариера. Играше во Јувентус, во Парма, во Манчестер Сити, во Лече, смени вкупно 11 клубови за на крајот да го освои првиот трофеј и тоа во српскиот куп со Партизан.

Изгледа дека Белгија само ќе напаѓа на ЕП

Марк Вилмотс го објави официналниот состав за ЕП 2016 од кој ќе отпадне само еден играч. Во одбрана повредениот Компани ќе го менува 20 годишниот Џејсон Денајер од Галатасарај, но она што е најинтересно за издвојување е неговиот избор во напад. Според оваа најава од Фудбалската федерација на Белгија, тој се реши да патува во Франција со четворица играчи од среден и ред и дури 8 напаѓачи.

Како ќе изгледаше Бенфика ако не продаваше од 2010-та

Португалските клубови особено Порто, Бенфика и Спортинг имаат силни врски со Јужна Америка, а тоа им носи бизнис купи евтино – продај скапо, како што е последната зделка со малиот Ренато кој го дадоа во Баерн Минхен за еден куп пари.

Човекот кој направи Бејл да заработува колку Меси

Џонатан Барнет е агент на неколку познати фудбалери меѓу кои најпознат е Герет Бејл. Барнет почнал да менаџира во боксот, но набрзо намирисал дека убава пара лежи во фудбалот.

УНИКА и ЕВН во борба за титулата

Со победите на ЕВН и УНИКА против Халкбанк и МЕПСО познати се финалистите во Телеком Бизнис лигата на Македонија.

Кој кажа дека сквош не е компетитивен спорт?

Нас не нè изненадуваат тие, туку оние кој викаат: „Сквош? Што беше тоа“?

Репрезентацијата на Турција која освои бронза на СП 2002

Најсилниот состав во историјата на турскиот фудбал пред 14 години се качи на светскиот подиум како трета репрезентација на Мундијалот одржан во Јужна Кореа и Јапонија. Каде се сега актерите на тој успех?

Судијата кој не издржа да слуша „судија педер“

И да признаеше и да не признаеше исто му е, бидејќи таа фраза е втемелена во незадоволниот навивач од судењето, но тука разликата е што навредите вистински го допреле.

Чудна казна за тинејџер на Интер

Зате Вилфред Гнокури од Брегот на Слоновата Коска кој е инаку брат на фудбалерот на Интер Асане Гнокури, се соочува со суспензија која може да му го промени фудбалскиот пат кој допрва треба да го трасира. Роден е 2000-та, настапува за младинскиот тим на Интер и на меч против Аталанта доби црвен картон. Судиската комисија донесе сосема шокантна одлука, а тоа е суспензија од две години со образложение дека го навредувал и му се заканувал на судијата.

Со каков стадион се прости Вест Хем

По 112 години емоции, Вест Хем синоќа се прости од Болејн Граунд, стадионот кој многу значи за источен Лондон. „Чеканите" ќе играат на модерниот Олимписки стадион кого го изнајмија на 99 години.

Капче за најдобриот Типстер во мај

Овој месец ќе биде последен во кој ќе делиме месечни подароци за најдобрите тројца. Се ближи финалната битка на Типстер за конечни подароци.