„Не сакам да не станеш фудбалер поради мене, како што еднаш кажа“, му рекла еднаш Долореш Авеиро на 12-годишниот син во Лисабон.
На пет години Долореш останала без мајка ѝ која што починала од срцев удар. Таткото набрзо ја дал ќерката во религиозен детски дом, никогаш не ја посетил и основал ново семејство.
Долореш Авеиро неколку пати бегала од домот и на крајот монахињите ја вратиле кај татко ѝ. Долореш строго била казнувана неколку пати од татко и поради што избегала од куќата во која немало ниту струја ниту вода.
Маќеата ја тепала и ја врзувала за нозете на столица, а татко и се обидел да ја прати во психијатриска болница но таму не ја примиле затоа што ја сметале за сосема нормална и здрава. На 13 години Долореш шест дена во неделата станувала во шест часот наутро и одела на жетва. На 18 се омажила за Хозе Диниш Авеире, 20-годишен трговец со риба.
Кога Долореш забременила по втор пат, Диниш го викнале во војска и го пратиле во Африка, каде Португалија се борела со колониите кои сакале независност од неа. Од војната тој се вратил проседен и депресивен, дал отказ на работа и почнал да пие. Долореш го оставила и заминала во Париз да работи како куќна помошничка.
Во својата книга за Роналдо, шпанскиот новинар Гиљем Балаге пишува за телефонските разговори кои Диниш ги имал со сопругата: „Ако сме родени да бидеме сиромашни, нека бидеме, ама барем ќе бидеме со децата“, рекол Диниш.
Долореш се вратила во Мадеира, но непосредно после тоа паднала диктатурата на Салазар и таа можела да се всели во една од напуштените куќи. Татко ѝ емигрирал во Австралија на времето, па Долореш го молела да ја земе со него, но тој ѝ рекол нема место.
Диниш продолжил да пие португалска ракија со мед, лимон и маракуе, денгубел без работа, а Долореш на 30 години затруднела и со четврто дете - таа веќе имала две ќерки и два сина од кои ги хранела со парите заработени како готвачка и чистачка во хотел во местото Фуншал.
Лекарот одбил да ја абортира, нејзе не и помогнале ниту советите на комшиите да пие повеќе темно готвено пиво и на 5. февруари 1985. година се родил Кристијано Роналдо.
Татко му Диниш станал секретар во локалниот клуб „Андориња“ и го заменил капитенот на екипата Фернандо Соуза да му биде кум на малиот, но поради натпреварот кој го играле и двајцата задоцниле половина час на крштевката.
Во „Андориња“, клуб од петтата португалска лига, татко му на Роналдо ја косел тревата, ги чистел соблекувалните и тоалетите, ги собирал топките и дремел навечер во клупскиот ресторан. Кристијано не можал да заспива без него и ги терал сестрите да одат да го викнат.
Диниш бил упорен со алкохолот. И кога син му го викнал да живее со него во Англија и да ги лечи бубрезите, тој не сакал. Умрел во една клиника во Лондон на 7. септември 2005. година. Кристијано тој ден бил во Москва каде што играл квалификации за Светското првенство 2006. против Русија. „Диниш го уништи желбата за алкохолот. Тој во младоста беше висок и згоден маж, но поради пиењето падна во нашите очи. Откако дознал за смртта на татко му неколку часа до мечот против Русите, Роналдо побарал од селекторот Сколари: „Немој да ме вадите од составот“.
Во истата „Андориња“ каде што Диниш ги чистел тоалетите, неговиот најмал син играл во нападот. Кога Кристијано наполнил 10 години го продале во познатиот „Национал“ за два комплети опрема и 20 топки. Новиот тим на Роналдо го забавил неговиот развој и тренерот на децата барал од мајка му синот да јаде повеќе месо и риба, а помалку јогурт.
„Кристијано беше уличен фудбалер со прекрасна техника. Не само што трчаше по топката на асфалтот, туку и на плажата. Многу време поминал без родителите и тоа го направи независен и самоиницијативен. Децата од стабилните семејства не можеа да станат како него“, раскажа во интервју за Daily Express, Педро Талињас, првиот тренер на Роналдо во Национал.
„Децата од нормалните семејства поминува многу време дома и не пропуштаа школо, тренираа по еден час во денот. Кристијано со топката беше од 10 до 12 часа во денот, што со роднините, што со другарите и тоа сите постари од него“, вели Давид Гомеш кој му бил втор тренер на Роналдо во тимот Национал за книгата на шпанскиот новинар Гиљем Балаге.
На 12 години Кристијано еднаш имал грип, но ја замолил мајка му да го пушти на финалниот турнир во лигата за деца до 13 години (U13). И ветил дека ќе побара замена ако навистина му биде лошо. Мајка му и наставничките во школото му дозволиле да игра, затоа што виделе колку му значи тоа.
Во финалето Роналдо дал гол и станал шампион со Национал, а неговиот кум Фернандо Соуза му договорил неделна проба во големиот Спортинг Лисабон. Но зошто цела недела кога Кристијано импресионирал уште во првиот ден со брзината, дриблингот и храброста, а во вториот ден, 14 години делувал како лидер во тимот.
За престојот на Роналдо во интернатот на Спортинг има неколку документирани видеа. Таму отишол како сиромашно дете и тешко му било првите неколку дена во главниот град.
Спортинг на Национал за него му платил 25.000 евра и со Долорес потпишале договор според кој Кристијано месечно ќе добива 50 евра (а после две години 250 месечно). Уште 50 евра Кристијано добивал за храна и основни потреби. Пет евра трошел на телефонска картичка за два или три пати неделно да разговара со родителите, сестрите и братот.
На 16 години, Роналдо почнал да плаќа за лекување на зависноста од дрога на својот постар брат Уго.
„Неговите пари помогнаа Уго да се спаси. Ако Кристијано не беше фудбалер, се ќе завршеше многу тажно“, раскажа мајка му Долорес во интервју за Sunday Mirror. Уште еден негов биограф, новинарот на Cadena SER, Марио Торехон раскажувал дека Роналдо му признал како го издржувал семејството само неколку години откако престанал да верува во Дедо Мраз.
Во школото во Лисабон тој го користел акцентот од родната Мадеира, наставниците слабо го разбирале, а колегите го исмевале. Еден од најдобрите другари на Кристијано во тоа време бил Уго Пино за кого Спортинг на Белененсес му исплатил 300.000 евра или 12 пати повеќе отколку на Национал за Роналдо.
Набрзо откако дошол во Спортинг, Пино го викнале во Барселона, но тој бил капитен на младинците и решил да остане на важен турнир во Лисабон. Пино му раскажал на Гиљем Балаге дека на 15 години Кристијано Роналдо бил подобар од 17-годишните академци во Спортинг.
„Кога ја гледаше Франција на Европското 2000, Кристијано си зададе цел да трча побрзо од Тиери Анри и секој тренинг работеше на брзината. Кога го виде првотимецот Андре Круз како крева 90 килограми една ноќ скокна преку оградата и влезе во вежбалната на првиот тим. Го фатија и веднаш го вратија. Зборуваше дека кога ќе купи куќа прва работа што ќе направи таму е добра теретана“, раскажал Пино кој не дебитирал за првиот тим на Спортинг и сега игра за Леирија.
Во сезоната 2000/2001 Кристијано станал првиот играч од Мадеира во првиот тим на Спортинг. Во уште една книга за него Los Secretos de La Máquina, новинарите Луис Переира и Хуан Гаљардо го цитираат тогашниот тренер на Спортинг, Луис Мартинс:
„Играчот Кристијано Роналдо му го украл студениот чај на соиграчот на тренингот и два јогурта од мензата. Покрај тоа, без дозвола му го присвоил ручекот на Руи Лопеш кој беше болен и не дојде во трпезаријата. Дечково има проблеми со емоционалната стабилност“. После овој настан го изоставил Роналдо од составот за мечот со Маритимо и тој не патувал за родниот крај.
На еден од следните натпревари Роналдо се исцрпил во шестата минута и барал замена. Лекарите откриле дека има неправилна работа на срцето и морал да оди на ласерска операција. Во академијата се вратил следното утро и продолжил да игра уште три месеци.
Кога Кристијано го дал првиот гол за Спортинг на пријателска против Бетис, на шпански тв канал го нарекле новиот Кустодио (друг играч на Спортинг), а кога дал во првенството против Мореирензе (дрибнал четворица одбранбени играчи и го претрчал пола терен), мајка му се онесвестила на трибините.
Првите средби на Роналдо за Спортинг го фасцинирале Луис Суарес Мирамонтес, советник на претседателот на Интер, Масимо Морати.
„Мора да го потпишеме шефе, малиот ќе биде еден од најдобрите играчи на светот, рекол Суарез. - Колку години има? -16. -Ту штета, ние веќе бараме готови играчи. -Да, но тој вреди само два милиони евра“.
Во 2013. година во канцеларијата на Nova Stadio, Луис раскажал дека бил спремен да даде милион евра од свој џеб, но Морати го одбил и тоа.
Менаџерот Хорхе Мендеш го земал Роналдо од својот колега Жозе Вејга и за една година сакал да го продаде во Јувентус, но „Бјанконерите“ не сакале да дадат пари, туку на Спортинг во замена му го нуделе Марсело Салас кој одби да се сели во Лисабон.
Во книгата La Clave Mendes на Мигел Рубио и Жонатан Мори за Хорхе Мендеш, тие опишуваат еден настан кога Кристијано бил во Лондон на средба со Арсен Венгер. Мендеш на секој пет минути му се јавувал на Кристијано и му рекол да го покрие лицето од новинарите кога ќе влегува.
Поради изградбата на новиот стадион, Арсен Венгер не можел да даде толку колку што му барале за Роналдо иако му ја спремил 9-та која што ја носел Френсис Џеферс. Мендеш тогаш на Барселона и понудил четворица играчи : Кварезма, Кристијано Роналдо, Деко и Тијаго. Каталонците го одбраа првиот.
А потоа следи легендарната сцена која долго ќе се прераскажува. На стадионот „Жозе Алвеладе“ во Лисабон, пријателска средба играа Спортинг и Манчестер Јунајтед како дел од договорот за соработка.
Во својата автобиографија, Роби Кин напиша дека на полувремето бекот Џон О’Ши побарал лекарска помош за вртоглавицата која му ја предизвикал Роналдо со дриблинзите. Во соблекувалната Бат, Сколс и Фердинанд му рекле на Фергусон дека убаво би било да го купат малиот ако не дојде Роналдињо а Ферги само се насмеал: „Да, знам“.
Тоа беше последниот меч на Кристијано за Спортинг. Истата вечер Ферги договорил трансфер додека играчите го чекале во клупскиот автобус. Кристијано отпатувал за Англија со Манчестер. Во Манчестер Јунајтед, Кристијано потпишал за 12 милиони фунти и го побарал бројот осум со кој играл и во Спортинг, но ја добил седмицата на Џорџ Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.