Кога моќник чии клиенти се викаат Кристијано Роналдо, Давид де Хеа, Диего Коста, Хамес Родригез, Жозе Мурињо и Жоао Феликс, тогаш јасно е за какви операции е способен. Од никој и ништо пари прави.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.