Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Газдата на Интер го преспа победничкиот гол

Ерик Тохир, сопственикот на Интер од Индонезија на големото Дерби на Италија во неделата се однесуваше како неговиот клуб два-три пати годишно да го победува Јувентус. Гостите поведоа 0:1, а Интер со головите на Икарди и Перишиќ направија целосен пресврт. Но газдата на Интер задрема на победничкиот гол, а не го разбуди ниту огромната прослава на трибините, па луѓето од управата мораа да го будат.

Најголемата грешка на Барселона се вика Мауро

Мауро Икарди е роден во Росарио, град во Аргентина со милион жители кој важи за најфудбалскиот град и кој на фудбалот му ги даде Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Патот за кратко го одведе Маурито во Барса, но таму не го проценија добро.

Што ти е братска љубов

Видеово е многу јако, а демонстрира братство и единство во атлетика. Братов со повеќе снага не само што сакаше да го спаси другиов кој беше пред цркање, туку си ја жртвуваше победата и згора на се го пушти да заврши втор, а тој излезе трет.

Главната фудбалерка на Нов Зеланд

21-годишната Лора Мерен играше за репрезентацијата на Нов Зеланд на Светското првенство до 17 години кое се одржуваше во Азербајџан. Таа сега сега живее во Англија, игра за Евертон во Women's Super League 2 и ја воодушевува фудбалската јавност со потезите на теренот, но и со изгледот.

Јунакот кој одби 50.000 евра за местенка не го издржа првото интервју во Серија А

Парите и интервјуто немаат врска едно со друго. Првото е старо и за тоа доби признание од Блатер, а второто е многу емотивно и е јунак само затоа што сега игра фудбал и тоа во прва лига. На негово место сигурно некои би се откажале.

Бугарски фудбалер осуден поради убиство

Играчот од средниот ред на Славија Софија, Борислав Балџиски пред три години до смрт претепал човек кој ја пцуел девојката која што бавно ја возела колата во која бил и тој.

Руни, време ли е за МЛС?

Од натпревар во натпревар капитенот на англиската фудбалска репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни покажува драстичен пад на формата. Ако продолжи вака, нема да чуди ако за брзо време трча по топката со Џерард и Лампард во аматерската лига на САД.

Во Јужна Америка голманите не служат само за бранење

Во ситуација кога Хорхе Кампос, Рене Игита и Рожерио Сени се пензионери, а кога бранеа одеа во напад, даваа голови од слободен, дриблаа и шутира пенали, ете го Нелсон Рамос кој тера по нивните стапки. Голманот прими два гола, ама даде еден и плус уште еден асистираше за конечни 2:2 на меч во колумбиското првенство. А инаку голот му е леле мајко.

Ако може Фергусон да биде Сер, можам и јас

Го нема го нема, па ќе извади нешто за што ќе се зборува со недели. Мино Рајола, најнеобичниот агент на светот сега бара титула Сер затоа што успеал да го врати Пол Погба летово во Манчестер Јунајтед.

Интер – Јувентус донесе рекорд во пари

Пресвртот и големата радост на Интер не неа беа единственото од дербито на колото во Италија. Домаќините триеа раце, најмногу досега.

Како комшијата тренер од хулиганот Милик направил фудбалер

Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.

На голманите во Чиле им чуваат грб

Можеби топката немаше да влезе во гол, ама тука си е тоа, да чува втора статива за секој случај.

Најдобрата 9-ка на светот слави 40-ти роденден

На 18. септември 1976 година во Рио де Жанеиро е роден бразилскиот напаѓач кој многумина го сметаат за најдобар фудбалер кој светот го видел.

Серија А го виде првиот гол на Несторовски

Македонскиот репрезентативец стигна до деби гол во Серија А откако во денешното 5. коло со својот Палермо во 66 минута го израмни резултат на гостувањето против Кротоне.

Тоти е станат на лева нога

Муабет на човек со 25 години стаж во фудбалот кого го сметаат за Принц на Рим со новинар. Новинарот: Може изјава? Тоти: Да застанам за изјава? Па што кур да ви кажам по 25 години? Секогаш истите работи. Инаку се работи за микс зоната по мечот со Викторија Плзен каде обично фудбалерите даваат изјави.

Турците занемеа на голов

Галатасарај славеше 2:0 против Ризеспор благодарение на двата гола на Швајцарецот Ерен Дердијок. Првиот го постигна по 6 минути игра, а Најџел Де Јонг се збуни кога го виде.

Среќа во несреќа, Македонија ќе игра квалификации за СП

Минималниот пораз од два поени разлика вечерва од Унгарија (63-61) и триумфот на Кипар над Швајцарија ја спаси Македонија од испаѓање во Б Дивизија. Унгарците играа без Ханга и Војвода, но повторно беа подобри од нас.

10 изјави на Паоло Ди Канио во негов стил

Поранешниот славен италијански фудбалер не е повеќе соработник на Скај каде ќе останеше ако носеше маица по долги. Причината за прекинувањето на соработката е една тетоважа која во превод значи „лидер“, асоцијација за Бенито Мусолини.

Алигатор на сред патека за Формула 1

Младиот Макс Ферштапен за малку не удри во огромен гуштер кој се појави на патеката во Формула 1 каде се возеше тренингот пред утрешната трка за ГН на Сингапур.

Кога имаш 0:2 на Стемфорд бриџ

Џордан Хендерсон им донесе втор шок во 36 минута на навивачите на Челси, а камерите во тој момент го бараа Јирген Клоп за да му ја видат реакцијата кога Ливерпул го зголеми водството.

Си играл ли пинг-понг со мајмун?

Сега и дефинитивно нема оправдание за оние кои не сакаат да одиграат партија пинг-понг затоа што не знаеле како се игра. Штом царов може, можеме и ние.

Станковиќ јуниор цел на тато

Стефан Станковиќ има 16 години, тренира во Интер и доби повик од кадетската репрезентација на Србија. Ако по ова голчиште се мери неговиот квалитет, тогаш Дејан Станковиќ може да се гордее со најстариот од тројцата синови.

Џо Харт прозборе италијански, ќе го биде

Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.