Пред елитното казино „Милениум“ во населбата Красно село на 6. август 2013. година, ништо не најавувало дека тука ќе се случи брутално убиство.
Околу 23:50 часот 36-годишниот Петар Алексов излегол од казиното и тргнал по тесната уличка покрај него. Во тој момент поминувал автомобил управуван од жена, а во колата биле и двајца мажи кои биле на вечера меѓу кои и познатиот фудбалер Борислав Балџиски.
Видео-записите од околните камери на трговскиот објект покажуваат дека жртвата и мажите си размениле неколку реплики при разминувањето, а наводно жртвата ја пцуел жената за лошо возење. Двајцата излегле од колата и го претепале Алексов. Кога пристигнала брзата помош можела само да констатира смрт, предизвикана од мозочно-черепна повреда при паѓањето на земјата.
Полицијата во местото Ихтиман близу Софија, врз основа на снимките го лоцирала возилото „Опел Астра“ и ја привела возачката и тројцата мажи. Едниот од нив е ослободен поради тоа што не учествувал директно во инџидентот. Со жртвата вечерта имало уште еден маж, но никој досега него открил неговиот идентитет.
Судот во Софија пред два дена го осуди Балџиски на 4-годишна затворска казна, а 26-годишниот фудбалер ќе треба да плати и 100.000 лева (околу 57.123 долари) на жртвата, Виолета Алексова и над 10.000 лева во полза на државата.
По убиството, клубот Славија Софија го избркала од тимот, после што Балџиски неколку месеци играл за нисколигашот Ботев од Ихтиман.