Глетката на стадионите во италијанското фудбалско првенство е далеку од тоа што е во Германија или Англија каде ретко може да се види празно седиште и потребно е да се случи меч меѓу Интер и Јувентус за да крца стадионот.
Италијанците го викаа дерби на Италија бидејќи тоа беа двете единствени екипи кои немаат испаднато во втора лига, се до скандалот Калчополи во 2006-та кога Јуве една година беше во Серија Б.
Синоќешната средба донесе нов историски рекорд во Серија А, а тоа е заработката од продадени влезници. Во касата на Интер легнаа скоро 4 милиони евра или поточно 3,943.518 евра.
Цифра која за прв пат се случува во Италија. Натпреварот го следеа 76.484 гледачи или 2.670 помалку од лани, но математиката покажува дека вчерашниот меч во пари е рекорден.
По срамниот пораз од израелскиот шампион во Лига Европа, кај Интер синоќа се вратија насмевките бидејќи на колена падна актуелниот првак на Италија.