Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Седум флаши вино за седумте гола против Рома

Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.

Му е гајле на Ибрахимовиќ ако снимаш реклама

Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.

Необични податоци за неверојатниот Деле Али

Ѕвездата на Спарс со два гола ја прекина серијата на Челси од 13 победи и покажа дека игра во животна форма. Притоа ги збогати и статистиките.

Прием на Марсело за сите пари

Реал Мадрид синоќа лесно со 3:0 уште во прво полувреме ја совлада Севиља во Копа деј Реј. Потегот на вечерта без конкуренција е на Марсело.

Што се крие зад мегаломанските и нереални понуди на Кина во европскиот фудбал

Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.

Каква е состојбата во бразилскиот Шапекоенсе

Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.

Убавината на тајм-аутите во литванската кошарка

Ако во нешто може да ја споредуваме НБА лигата со европската кошарка, најдовме врвен кандидат кој може да им парира. Ви ги претставуваме чирлидерките на Жалгирис од Литванија.

Сахара го бира најдобриот

Африканската фудбалска конфедерација ја објави кратката листа од пет кандидати за наградата најдобар играч на Африка која ќе се доделува на 5 јануари. На списокот го нема Јаја Туре кој беше „претплатен“ на оваа награда.

Сè е добро во НБА, ама ми фалат ќебапи

Откако се врати во првата петорка на Денвер и дава во просек по 12 поени на натпревар, Никола Јокиќ повторно ја заинтересира јавноста од неговиот роден Сомбор па до Денвер, а овој пат зборуваше за тоа кога пиел три литри Кока-кола и колку ќебапи јадел.

Најдобрите спортски реклами во 2016

Минатата година неколку спортисти се појавија во реклами на познати брендови кои за таа прилика смислија необични приказни.

Камерунскиот Марадона - Роже Мила

Во пресрет на Африканскиот Куп на Нации се сеќаваме на легендарниот Камерунец кој го освои светот со лукавиот танц на Мундијалот 1990 во Италија.

Случка со Каниџа кога уште немаа сите мобилни телефони

Клаудио Каниџа е култен херој на Аргентина познат по белиот прав и другарството со Марадона. И да победува и да губи неговиот тим, никој не можеше да го извади од диско, па дури ни Вујадин Бошков.

Меси како за почеток на годината

Велат гол кроз нозе два се брои, ама Меси кога дрибла на тренинг тоа им го прави на двајца наеднаш.

Јохан Кројф и тврдоглавиот турски таксист

Интересна ретро случка поткрепена со фотографии во која несвојствено еден фудбалски натпревар од најелитното клупско европско натпреварување се одиграл и покрај тоа што едниот тим неколку мигови претходно бил дел од сообраќајна несреќа.

Како Коби го добил името по специјалитет од Јапонија

За еден од најдобрите на сите времиња зборуваа дека одбрал да носи број 24 како синоним за напорните тренинзи 24 часа. Освои пет шампионски прстени, салите ширум САД се полнеа поради него, а Лос Анџелес го прогласи 24. август за Ден на Коби Брајант.

Николина од Кичево е прва на Типстер за декември

За победник на месечната и последна битка на Типстер за 2016-та, добивме Типстерка, а не Типстер.

Махер на колото на Боксинг деј

Еден задоцнето испратен тикет од католичкиот Божиќ на Англичаните со многу к`смет.

Моментот кој го расплака Гатузо во 2016-та

Славниот играч на Милан се пробива како тренер во Серија Б каде лани ја внесе Пиза преку плеј-оф. После сè што доживеал во кариерата како фудбалер, не можел да поверува дека еден ден ќе му се случи и нешто вакво.

Човекот кој го води францускиот Лестер и му пркоси на ПСЖ

Минатата 2016-та во спортот беше делумно мрачна поради допингот во Русија, скандалите со педофилија во Англија, тепачките на ЕП во Франција, авиокатастрофата со Шапекоензе. Но имаше и некои херои кои ја враќаа верата во човештвото и спортот.

Топ 10 голови за 2016

Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.

Коментатор на денот

Кошаркарите на Црвена Звезда синоќа го декласираа Задар во АБА лига со 113:65, а кога поминаа првите 7 минути од мечот хрватскиот коментатор даде предлог што е најдобро да се направи кога се губи 16 поени разлика по толку кусо време.

Фудбалерите кои одбија вртоглави кинески милиони

Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.

Три црвени картони на шест меча за Фернандињо

Иако Пеп Гвардиола има голема доверба во него и му ја даде капитенската лента, бразилскиот репрезентативец и не се однесува баш капитенски затоа што на шест меча доби три црвени картони.