Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Меси и Нејмар како на плејстејшн

Барселона има 2:0 против Селтик по првиот дел од првото коло во Лигата на шампионите со двата гола на Меси. Гостите не знае кај тераат во одбрана при вториот гол, а Меси за малку ќе влезеше со топка во гол. 

Кај ПСЖ и Арсенал сè е исто

За дербито на вечерта во Лигата на шампионите треба да знаете дека последен пат се сретнале во полуфиналето на Купот на куповите на победниците во сезоната 1993/1994, кога Арсенал бил подобар со вкупни 2:1. А што имаат различно овие две екипи во поглед на статистиката во лигите каде што настапуваат? Ништо.

Кога Пол Гаскоњ отишол да бара една топка

За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.

Жбитачето кое руши сè пред себе

Ако си од негова ќе поминеш добро, ако не си од негова нема да поминеш добро. Едноставно е. Ви го претставуваме 9 годишниот Тео од Австралија.

Што и направи Пато на Барса за 24 секунди игра

На денешен ден стартуваа и многу други минати изданија на Лигата на шампионите. УЕФА не врати во нивната архива од пред точно 5 години кога на денешен ден Милан во првото коло гостуваше на Камп Ноу. Конечни Барселона - Милан 2:2 со акцент на брзиот Пато.

Ќе го изберат ли Словенецот за претседател на УЕФА?

Педесет и пет европски фудбалски федерации утре во Атина ќе бираат нов шеф на УЕФА. Ќе се гласа за двајца кандидати: Михаел ван Праг и Александар Чеферин, претседателите на холандската и словенечката фудбалска федерација .

Ова го има само во Англија

Евертон синоќа славеше со убедливи 3:0 на гостувањето против Сандерленд и освен лекција на терен, одржа уште една, поголема.

Најгледаниот настап на Параолимпијадата во Рио

Со скоро 3,5 милиони прегледи, овој дриблинг целосно го собра вниманието на фудбалската јавност. Се работи за мечот помеѓу Иран и Мароко за слепи и фудбалери со оштетен вид, а мајсторот е Безад Зад Али Асгари кој покажа дека можело и вака без да гледа.

Кога очите не можат, срцето ги води до целта

Додека Рио беше во тек, се друго од спорт беше споредно. Сега на ред се Параолимпијците за кои малку се зборува, а тие заслужуваат многу, ама многу повеќе особено по оваа историска трка.

9 факти од времето кога Тоти дебитираше за Рома

Франческо на 27-ми овој месец полни 40, а викендов беше во фокусот бидејќи мечот со Сампдорија го реши во 90-та минута. Кога на 28 март 93-та дебитирал за Рома, Погба бил новороденче.

Да не кажете само на Балканот го има ова

Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.

Кроткиот Вавринка од три Гренд Слема цица

Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.

Пирло го соедини виното со фудбалот преку копачките

Играчот за врска на Њујорк Сити отсега ќе игра во копачки кои ја симболизираат неговата љубов кон производството на вино. Nike за италијанската ѕвеѕда специјално иѕработил модел копачки кои имаат боја на вино мерло. Внатре на влошката пишува „Произведено во 94-та“. Пирло ја почнал својата професионална кариера во 1994. година.

Дебито на Пинтурикио за Јувентус

На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.

Приказната за првиот принц на Рим

Мора да биде домашен производ, да израсне на тие улици, да трча со топка во предградието, на улицата околу Тибер. Инаку не може да биде тоа што е и оваа приказна не би имала призвук на бајка.

Нереален волеј во Украина за хет-трик

Олимпик Доњецк со 3:0 го совлада попознатиот Днипро во украинското првенство. Ај што трите гола ги даде сам, туку еден од погодоците на Андриј Богданов сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш„ за најубав гол.

Кога ќе ти прекипе од задржување време

Нервозата на необичеч начин кај овој голман изби во втората уругвајска лига во ситуација кога гостите Плаза Колонија имаат 0:1 на гости против Рамбла Јуниорс. На крајот успеваат да израмнат.

Како настана „зошто секогаш јас“

Дербито во Манчестер кое го доби Сити на Олд Трафорд не враќа на славната порака на Балотели на она историско дерби кога го демолираа тимот на Фергусон.

Како Шек го зафркавал Дивац пред финалето

Сакраменто и Лејкерс во 2002. година го одиграа можеби најепското конференциско финале во НБА. Сите ги паметиме седумте дуели од кои Лејкерс излезе како победник (4:3). Пред еден меч Шек решава да му испее песна на Дивац која што ја смислил во моментот.

На кој поен најмногу урлаше публиката во Њујорк

Вавринка го доби финалето на УС Опен против Новак Ѓоковиќ со 3:1 и стигна до првата титула на отвореното првенство во САД. Од богатиот избор на интересни поени за издвојување е овој.

Градот на фудбалот и конечната пресметка

Главен фудбалски град на Аргентина не е Буенос Аирес, туку Розарио. Во ова место, на грбот на ривалитетот меѓу „Канаљас“ и „Лепрозос“ израснале најголемите таленти во земјата.

Гол на колото за слаба утеха

Лил на домашен терен загуби убедливо со 1-4 од Монако, а почесниот еврогол за домаќините го постигна Жулиен Палмиери во 90’ минута од средбата. И тоа каков!

Навивачите на Ден Хаг и плишаните мечиња

Големото дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ден Хаг го одбележа можеби потегот на сезоната на гостинските навивачи. Откако станало извесно дека дуелот ќе го гледаат деца со разни заболувања од ротердамската болница „Sophia“, навивачите на Ден Хаг дознале дека ќе седат во секторот над трибината каде што ќе бидат децата, па решиле да ги израдуваат.