Темата за тоа кои италијански екипи се најпопуларни е позната. Јувентус е убедлив со најголем број навивачи во Италија, но сега се појави едно истражување кое покажа одредени бројки и споредби.
Истражувањето е направено со жители на Италија на возраст од 16 до 64 години и според резултатите Јувентус во Италија има 8.316 000 навивачи и тоа е повеќе од двете милански екипи заедно. Милан има 4.201 000, а Интер 3.934 000. Следуваат Наполи со 2.910 000, а во топ 5 влегува Рома со 1.906 000.
Интересно е што само 13% од навивачите на Јувентус се од Пиемонт, регионот во кој спаѓа Торино, а дури 40% се од Јужна Италија со се островите Сардинија и Сицилија. 17% се од северо-источна, а 14% од централна Италија.
Во истражувањето е направена и анализа чии навивачи се најлојални преку телевизија и во тоа водат оние на Рома, а потоа се Болоња и Аталанта.
Ако се направи споредба со бројот на навивачи сега и пред пет години, најголем напредок има Наполи коj тогаш имал 1.809 000 навивачи или 1,1 милион помалку од сега, а тоа е сериозен скок од 60%.
Болоња за разлика од 2011-та има 334.000 навивачи повеќе или 58%, а Лацио има 622 000 повеќе или 46%.
Многу навивачи на Јуве има и кај нас.